мини|260x260пкс|Бела Кочарјан, Лора Буш, Људмила Путина и Зорка Прванова — први дами на Ерменија, САД, Русија и Бугарија, соодветно, во 2003 година. Прва дама () — сопруга на шефот на државата (или, во некои случаи, сопруга на премиерот) во земја со републиканско уредување.First Lady, Merriam-Webster DictionaryFirst Lady, Oxford Dictionaries Според протоколот, таа има претставничка улога и го придружува својот сопруг на јавни, политички и хуманитарни настани. Првата дама во историјата на независна Македонија била Нада Глигорова, сопруга на првиот претседател, Киро Глигоров. Таа ја извршувала оваа улога од 1991 до 1999 г.
Во САД, изразот првпат бил употребен во 1849 г., кога 12-тиот претседател, Закари Тејлор, ја нарекол така сопругата на 4-тиот претседател, Џејмс Медисон — Доли Медисон, во својот панегирик на нејзиниот државен погреб.
Меѓутоа, првата жена што била нарекувана „прва дама“ додека ја извршувала таа улога била Хариет Лејн — внука на 15-тиот претседател на САД, Џејмс Бјукенан. Бјукенан бил единствениот неженет претседател на САД, па неговата внука ги презела бројните и сложени обврски на „домаќинка на Белата куќа“, вклучувајќи и церемонијални и домаќински должности.
Сепак, изразот добил општо прифаќање дури во 1877 г., кога новинарката Мери Ејмс во својот извештај за преземањето на должноста на претседателот Радерфорд Хејс го употребила изразот „прва дама“ за неговата сопруга, Луси Веб Хејс — исклучително популарна жена во САД.
Поврзано
Прва дама или прв господин на Македонија
Наводи
Надворешни врски
Current First Ladies (biographies and photo profiles)
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Први дами Категорија:Жени по занимање Категорија:Политика