мини| Големото тихоокеанско ѓубре, во август 2015 година (модел) Големото тихоокеанско ѓубре е ѓубре, морски отпад, во централниот дел на Северниот Тихи Океан. Се наоѓа приближно од 135°З до 155°З и од 35°С до 42°С.See the relevant sections below for specific references concerning the discovery and history of the patch. A general overview is provided in Збирката на пластично и лебдечко ѓубре потекнува од Тихоокеанскиот Обрач, вклучувајќи ги и земјите во Азија, Северна Америка и Јужна Америка.

И покрај тоа што овој отпад наликува на џиновски остров од лебдечко ѓубре, неговата мала густина го спречува откривањето со сателитски снимки, па дури и од случајни бродари или нуркачи во областа. Тоа е затоа што горниот дел се состои од микропластика.

Истражувачите од проектот „Чистење на Океанот“ тврделе дека ѓубрето покрива 1,6 милиони квадратни километри и се состои од 45.000-129.000 тони пластика во 2018 година. До крајот на 2024 година, „Чистење на Океанот“ отстраниле повеќе од 500 тони ѓубре од Големото тихоокеанско ѓубре, или 0,5% од вкупното акумулирано ѓубре. Додека микропластиката доминирала во областа, 92% од масата на ѓубрето се состоела од поголеми предмети кои сè уште не се претвориле во микропластика. Дел од пластиката била стара повеќе од 50 години, и вклучува предмети (и делови од предмети) како што се „пластични запалки, четки за заби, шишиња за вода, пенкала, шишиња за бебиња, мобилни телефони, пластични кеси и слично“.

Наводи

Надворешни врски Pacific Garbage Patch

Категорија:Тихи Океан Категорија:Загадување на водата