Султана Илиева Дубровска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Таа била медицинска сестра. Била симпатизер е на напредното работничко движење уште пред Војната. Во првите денови на окупацијата била управител на маларичната станица во Кавадарци со што и биле дадени можности да воспоставува контакти со луѓето и да ја снабдува партиската организација со лекови и санитетски материјал. Во 1942 година чувала илегалци, вршела курирска служба, криела илегален материјал н слично. На групата илегалци од Велешкиот партизански одред кон крајот од 1942 што престојувале во Кавадарци им пружала медицинска помош. Во 1943 година во главно чувала илегалци и примала партизански курири. Со формирањето на Одборот на АФЖ таа била негов член и работела на мобилизирање на жените за НОД. Во последните денови на окупацијата целото количество лекови и санитетски материјал што се наоѓал во амбулантата го предала на најблискиот штаб на партизанската здравствена служба.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Медицински сестри