мини|Гајдаџија свири на гајда со слагарче

Слагарче — помала бордунска цевка од брчалото, аерофоничен музички елемент на гајдата.

Слагарчето заедно со брчалото на гајдата ѝ дава една особеност - постојана бордунска придружба која се одразува во конечната звучно-интонативна емисија. Бордунот претставува стабилна интонативна подлога. Овој вид на музика (бордунска) е особеност за одредени области во светот меѓу кои и Македонија.

Доколку гајдата има слагарче, таа е тригласна. Доколку има само брчало, таа е двогласна.

Најмногу гајди со слагарче се среќаваат во Овчеполието.

Опис Слагарчето е составено од два дела кои се навлекуваат еден во друг со што овозможуваат негово скратување и продолжување со што се постигнува посакуваната висина на тонот. Првиот дел во кој што влегува писката се нарекува пискарник, вториот брчало.

Слагарчето како пократко од брчалото се остава да виси.

Поврзано Гајда Мев (гајда) Гајдарка Брчало Дувало (гајда)

Наводи

Литература Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 98

Категорија:Гајда Категорија:Македонски фолклор Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ