Сафир () — турска телевизиска серија од 2023 година. Главните улоги ги играле глумците: Илхан Шен, Озге Јагиз и Бурак Беркај Акгул. Серијата има 1 сезона, вкупно 26 епизоди. Серијата во Македонија се прикажувала на телевизија „Сител“.
Сихронизација вршеле нашите познати глумци: Маја Љутков, Дејан Лилиќ, Јана Вељановска, Филип Трајковиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Елизабета Стефановска, Рубенс Муратовски и Антонио Ташковски.
Содржина Серија номинирана за меѓународната награда ЕМИ за најдобра драмска серија за минатата година. Романса сместена зад ѕидините на древните конаци и во нишките на волшебната Кападокија.
Приказна за семејството Ѓулсој, едно од најистакнатите и најпочитувани во Кападокија. По годините минати во странство, во своето родно место се враќа Атеш за да им се придружи на неговите браќа Јаман и Окан во преземањето и проширувањето на семејниот бизнис, основан од нивниот доминантен дедо.
Јаман од мали нозе бил вљубен во Фераје и планира да се ожени со неа. Фераје живее со нејзиниот татко, маќеата Џемиле, братот и полусестрата, кои работат како слуги во замокот на богатата фамилија Ѓулсој.
Но, една трагедија ќе ги уништи сите планови, ќе ги скрши срцата на Фераје и Јаман и ќе го смени текот на приказната. Јаман и Окан ќе прикријат едно убиство, а за тоа ќе дознае злобната слугинка Џемиле и ќе ги уцени. Во замена за тоа да не ја открие тајната за убиството, Џемиле ќе побара од Јаман да ја остави нејзината паштерка Фераје и да се ожени со нејзината ќерка, ставајќи го прстенот од сафир токму на неа. За да го заштити брата си, Јаман ќе мора да се согласи на таа страшна уцена и да ја напушти саканата. За Фераје следува големо разочарување и гнев кон Јаман. Девојката чека негово дете, но Атеш е тој кој што ќе реши да се ожени со Фераје и да ја заштити нејзината гордост во име на честа и правдината.
Како што се откриваат тајните, семејството се соочува со опасност, закана од крвава одмазда и неочекувани одлуки. Борба за чест, сурова одмазда и неверојатни интриги следуваат во серијата полна со скриени вистини и неочекувани заплети.
Улоги
| Илхан Шен | Атеш Ѓулсој |- | Озге Јагиз | Фераје |- | Бурак Беркај Акгул | Јаман Ѓурсој |- | Муфит Кајачан | Омер Ѓурсој |- | Гизем Карача | Ѓунеш Ачикалин |- | Еркан Бакташ | Вурал Бакирчиоглу |- | Нур Јашар | Џемиле |- | Џан Барту Арслан | Окан Ѓулсој |- | Гизем Севим | Алејна Ѓулсој |- | Севда Баш | Несрин Јилмаз
Надворешни врски
Категорија: Турски телевизиски серии