мини|339x339пкс|Бербер од Велес користи традиционални берберски алатки Берберски занает — традиционален занает за одржување на личната хигиена, кој опфаќа стрижење, обликување и негување на машката коса, брада и мустаќи, со примена на утврдени традиционални и современи техники и професионални стандарди.
Историја на занаетот Историјата на берберството се протега далеку во минатото. Во Египет се откриени жилети што потекнуваат од околу 3500 година пр. н. е., што покажува дека луѓето се стрижеле дури и во древно време. Египќаните биле меѓу првите што понудиле берберски услуги околу 5000 г. пр. н. е., користејќи алатки направени од остригини школки или изострен кремен.
Берберството не било ограничено само на Египет. Тоа одиграло значајна улога во културите на различни континенти. Маите, Ацтеките, Ирокезите, скандинавските и монголските народи користеле берберски практики, честопати како начин за означување на општествените улоги или за време на војна. Во Стара Грција, мажите ги стрижеле брадите, косата и ноктите кај берберот на агората, која исто така служела како место за дружење и расправа за тековните настани. Берберството се проширило во Рим преку грчките колонии на Сицилија околу 296 година пр. н. е., што довело до појава на берберници познати како „тонстрини“ на латински. Овие берберници станале популарни места за собирање каде што луѓето ги следеле дневните вести и озборувања. Посетата на берберот наутро за многумина станала рутина, исто толку важна како и одењето во јавните бањи. Првото бричење на еден млад човек се сметало за значајна пресвртница во церемонијата на неговото полнолетство.
Римските бербери користеле различни алатки, вклучувајќи чешли, жилети, ножици и виклери (виткачи), заедно со специјализирани инструменти за отстранување на брадата и отстранување на влакна.. Некои бербери станале доста богати и влијателни, водејќи дуќани што привлекле клиенти од високото општество. Меѓутоа, повеќето бербери биле едноставни трговци што управувале со мали продавници или работеле на улица, нудејќи ги своите услуги по пристапни цени.
Историјат на занаетот во Македонија Кон почетокот на XIX век, овој занает се наоѓал исклучиво во рацете на муслиманите, од кои повеќето биле Турци. Но до крајот на векот со него се занимавале и христијаните, Македонци и Власи. Стрижењето и потстрижувањето се вршеле само со ножици, а бричењето на брадите со самоделски бричеви. Кај берберите Македонци, клиентите ги миеле и главите. д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996, стр.131/132 Меѓу занаетите за лични услуги најповеќе биле застапени берберите и фотографите. Во 1924 година, од 23 правни и неправни мајстори — бербери во Охрид, само тројца биле Македонци. Таа традиција продолжила и во наредните години. д-р Павле Митрески, Занаетчиството во охридско-струшкиот регион, 1918-1970,НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.124/125
Берберите често вршеле и други услуги, меѓу кои и хируршки интервенции. Муслиманските бербери го изведувале обрежувањето или сунетот, а македонските бербери пуштале „нечиста крв“, ваделе заби, лекувале разни кожни заболувања и слично. За ваквите услуги тие обично добро наплатувале. Меѓу двете светски војни берберниците често личеле и на мали кафеани и бакалници, продавајќи мед, овошје, сувенири и друго. д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996, стр.131/132
Во Охрид, како берберски „лекар“, бил познат Зејнула Муарем. д-р Павле Митрески, Занаетчиството во охридско-струшкиот регион, 1918-1970,НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.124/125
Алати и услови за работа мини|Стари берберски алати|338x338пкс Долго време берберите работеле со примитивни алатки и во нехигиенски услови, сè до средината на триесетите години на XX век, кога почнале да увезуваат помодерни алатки од европските земји. Берберниците не биле доволно хигиенични и доволно опремени, поради што често биле и опоменувани. д-р Павле Митрески, Занаетчиството во охридско-струшкиот регион, 1918-1970,НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.124/125
Берберите обично имале свои редовни клиенти, кои за извршените услуги плаќале на крајот од месецот (особено службениците). Меѓу нив имало и конкуренција, која ги терала да ги намалуваат цените на услугите, особено младите и помалку познатите бербери. д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996, стр.131/132
Економската криза ги довела и берберите до тешка положба. Ножевите за бричење од системот на „жилет“ ги отуѓиле најголемиот број клиенти од берберниците. Почнале да се бричат сами. Ваква била ситуацијата во сите градови. Тоа ги довело берберите во ситуација да наплаќаат „кој колку ќе даде“. Во 1937 година, Земскиот сојуз на берберите и фризерите на Југославија се обратиле до министерот за трговија и индустрија, барајќи спас за струката (занаетот), преку донесување на ценовник. Но, тоа барање било одбиено бидејќи не постоела законска можност за донесување на единствен ценовник. д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996, стр.131/132
Во Охрид, со оглед на тоа што имало многу бербери, нивната заработувачка била сосема ниска. За да привлечат клиенти, бричејќи ги или потстрижувајќи ги им давале кафе или чај, и тоа бесплатно.[Занаетчиството во охридско-струшкиот регион, 1918-1970, д-р Павле Митрески/]
По барање на некои охридски бербери, началникот на охридската околија донесол наредба со која сите бербери, зависно од квалификациите, годините на работа, местоположбата на дуќанот и друго, да се поделат во три категории и да ги одредат цените на услугите. Берберската секција од Охрид не се согласила со оваа наредба и барала да се измени. д-р Павле Митрески, Занаетчиството во охридско-струшкиот регион, 1918-1970,НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.124/125 Поврзано
Бербер
Наводи
Категорија:Занаети