мини|Питу Гули — македонски револуционер со влашко потекло. Познат меѓу влашките националисти. Влашко прашање (, , ) — политички спор околу идентитет на влашкиот народ, низ голем дел од влашката историја нивниот идентитет бил негиран од страна на грчката и романската власт. Денес, поради силното влијание на грчката и романската пропаганда во минатото, мнозинството на Власи се сметаат себеси како Грци или Романци, додека мал број сѐ уште се декларираат како Власи.

Историја Грчката пропаганда е длабоко вкорено во Власите. Тие отсекогаш биле поврзани со грчката Вселенска Патријаршија, која ги поврзала нивните културни и економски активности со грчката црква. Поради тоа, богатите урбанизирани Власи биле подржувачи на употребата на грчкиот јазик за долго време. Меѓу 17 и 18 век, овој јазик се користел како лингва франка во различни делови на југоисточна Европа и било неопходно да се зборува за да се постигне повисок општествен статус или да се стекне образование. Поради влијателната положба на Грците, не само неколку Власи, туку и Албанци, Бугари и Македонци почнале да се декларираат како етнички Грци. Толкаво било оваа влијание што првите текстови на влашки јазик, кои биле напишани со грчката азбука, го промовирале ширењето на грчката култура. Многу населби во Егејска Македонија со влашко население биле лесно хеленизирани без потреба од политички или религиозни движења.

Сепак, покрај силната грчка и романска пропаганда, развојот на влашкиот идентитет почнал да се појавува во дијаспората. Раните граматички и јазични брошури на влашки јазик прикажуваа свесност за повеќе „латински“ или „романски“ идентитет. Во 1815 година, Власите од Буда и Пешта побарале да го користат нивниот јазик како богосложбен јазик. Оваа национална преродба имала слични карактеристики со многу други слични движења што се одвивале во текот на 19 век како македонската преродба и русофилската во Бугарија. Овие идеи билд зајакнати со појавата и независноста на Романија, која почнала да шири романска пропаганда врз тие земји кои сè уште припаѓале на Отоманското Царство, за Власите од Македонија, Тесалија и Епир тие ја ширеле романската пропаганда преку образовниот систем. Првото романско училиште на Балканот било формирано во битолското село Трново во 1864 година од Димитри Атанасеску, додека покрај почетокот на 20 век, имало околу 100 романски цркви и 106 романски училишта во Македонија и Епир. Многу Власи на крајот се приклучија во романското движење, кое имало за цел да го признае влашкиот милет (Полуавтономна „заедница“ за Власите), што се случи на 22 мај 1905 година.

Различните нови идентитети на Власите и појавата на нивното национално прашање се должат на силата на различните балкански национални движења, особено грчкото и романското, и континуираната вмешавање на надворешните сили во регионот. Грчко-романскиот конфликт конечно избувна за време на македонската борба што доведело до битки и борби меѓу јасно ориентирани Власи и распад на грчко-романските дипломатски односи во 1906 година. Во тоа време имало и бугарофилски и проиталијански Власи, но во помал број. Некои Власи биле промакедонски и учествувале во македонското револуционерно движење, како Питу Гули и Кола Нича. Романското влијание врз Власите ослабело непосредно пред Втората светска војна. За време на комунистичките режими во Источна Европа, влашкото прашање изгуби важност, но по падот на комунизмот и малцинската политика на Европската унија, прашањето било повторно отворено.

Денес, Влашкиот идентитет успеал да продолжи со нејзиниот развиток во некои современи балкански држави (пр. Македонија и Србија), како и во Албанија неодамна и кај Власите кои потекнуваат од оние кои мигрирале во Романија од 1940 година, бидејќи оние што мигрирале порано биле претежно асимилирани. Во Грција, исто така, има области каде што Власите успешно си ги зачувале своите културни карактеристики, особено во регионите Гребенско, Берско и во близина на Атина. Современите хеленофилски Власи често се идентификуваат со грчката култура и ја отфрлаат романската, додека современите проромански Власи се гледаат себеси како дел од романската етничка група со различен дијалект на истиот јазик, оградувајќи се од грчката култура. Сепак, денес во Романија има влашки личности кои се залагаат за одвоена етничка природа на Власите од Романците, барајќи признавање на Власите како етничко малцинство во земјата. Овие личности понекогаш се познати како „Нео-Власи“ или „Нео-Власи“, бранејќи го „нео-Власизмот“, од страна на противниците на овој поим. Зборот нео потекнува од грчкиот јазик и значи нешто ново, поради тоа нивното движење во буквален превод е „Нови Власи“.

Наводи

Категорија:Политички контроверзии Категорија:Историја на меѓународните односи Категорија:Грчки национализам Категорија:Политика на Грција Категорија:Политика на Романија Категорија:Историја на Власите Категорија:Власи