Јуда Галилеецот, во некои преводи Јуда Галилејски — галилејски востаник, основач на „филозофската школа“, роден во градот Гамла (Гамала).

Животопис Јуда Галилеецот бил син на Езекија (други варијации: Хизкија, бен Хизкија). Неговиот татко бил водач на бунтовници и бил погубен по заповед на Ирод Велики. По смртта на Ирод Велики и поради отстранувањето на неговиот син и наследник Архелај од власт во Јудеја од страна на Римјаните, Јуда, во 6 г. од нашата ера, собрал толпа и го зазел царскиот арсенал во градот Сепфорис (Јосиф Флавиј, „Јудејски древности“, кн. 17, гл. 10:5). Подоцна, тој добил поддршка од месните фарисеи, предводени од Садук, кои протестирале против пописот спроведен од римскиот управител Квириниј. Востанието било задушено, а самиот Јуда бил убиен.

Потомци Синовите на Јуда Галилејски — Јаков и Симон — биле распнати од страна на Тибериј Александар во 46 г. Друг син, Менахем бен Јехуда, станал водач на Сикариите и за кратко време го зазел Ерусалим за време на Еврејската војна.

Според една хипотеза на Робер Амбелен, Исус Христос бил најстариот син на Јуда Галилеецот.

Внукот на Јуда, Елазар бен Јаир, ја предводел одбраната на Масада.

Библиски спомнувања Во новозаветната книга „Дела на светите апостоли“, Јуда Галилеецот бил спомнат од фарисејот и учител на законот Гамалиил:

Наводи

Надворешни врски

Jewish Encyclopedia: Judas the Galilean__СОСОДРЖИНА__

__ИНДЕКС__ Категорија:Личности од Новиот завет Категорија:Починати во 1 век Категорија:Родени во 1 век п.н.е. Категорија:Евреи од римскиот период Категорија:Дела на светите апостоли