Софија Ласкариду (грчки: Σοφία Λασκαρίδου, 1876 – 13 ноември 1965) била грчка уметница која била добро позната по нејзините импресионистички слики во раниот дел од 20 век. Таа подоцна станала позната и по нејзиниот личен живот.
Животопис Софија Ласкариду била родена во Атина во 1876 година. Таа потекнувала од богато и космополитско семејство. Нејзиниот татко, Ласкарис Ласкаридис, израснал во Лондон. Нејзината мајка, Аикатерини Кристоману-Ласкариду, родена и израсната во Виена, била пионерка на женското образование и основала женско училиште во Атина во 1864 година. Тоа било првото училиште кое вовело физичко образование за девојчињата.
Софија Ласкариду почнала да слика уште пред да добие какво било уметничко образование. Отпрвин таа се фокусирала на пејзажите, делумно поради тоа што го немала знаењето потребно за да слика фигури. Нејзината одлука да слика en plein air било невообичаена во Грција во тоа време, особено за жена, бидејќи постоела постојана опасност од крадци во селата. Во периодот од 1897 до 1907 година таа учествувала на значајни уметнички изложби, вклучувајќи го Запејон и Меѓународната изложба од 1903 година. Студирала на Атинското училиште за ликовни уметности од 1903 до 1907 година со наставниците Константин Воланакис, Георги Роилос, Никифор Литрас и Георги Јакобидес. Студирала и кај Спиридон Викатос. Во 1906 година, заедно со Талија Флора, одржале заедничка изложба, а во 1907 година одржала самостојна изложба во „Парнасус“.
Во 1908 година Ласкариду заминала за Минхен, а од 1908 до 1916 година престојувала во Германија и Франција, каде што нејзината работа добила позитивен прием. Таа добила стипендија од фондот Bozeiou што ѝ овозможило да студира во Минхен каде што добивала бесплатни часови во школата на Здружението на уметнички. Во Париз студирала на Академијата на Шаумиер Велики и Академијата Колароси. Нејзините слики биле прикажани во Парискиот салон.
Ласкариду се вратила и трајно се населила во Грција во 1916 година. Во тоа време таа била сметана за истакнат уметник. Таа одржала повеќе изложби во 1924 и 1927 година и продала голем број слики. После тоа, нејзините слики се појавувале само на повремени групни изложби. Постепено се развиле митови за нејзиното време во Европа, како на пример дека имала афери со Пабло Пикасо и Огист Реноар, кои подоцна станале прифатени како факт. Во 1952 година таа одржала самостојна ретроспективна изложба. Таа починала во Атина во 1965 година.
Теми и стил Темите на Ласкариду вклучуваат жанровски сцени, портрети, мртва природа и пејзажи. Нејзиниот стил го покажува влијанието на импресионизмот. Нејзината цел била да ја долови светлината и бојата во нејзините слики, а цртежот и композицијата биле секундарни.
Публикации Во 1955 година Ласкариду ја објавила својата автобиографија „Од мојот дневник. Спомени и размислувања“, која го опфаќала нејзиното време во Германија и Франција. Во 1960 година таа го објавила „Од мојот дневник. Анекс: Голема љубов“, во кој ги опишала нејзините љубовни врски со поетот и есеист Перикле Јанопулос.
Белешки
Извори
Категорија:Импресионистички сликари Категорија:Починати во 1965 година Категорија:Родени во 1870-тите Категорија:Грчки сликари