мини| Слеме на двоводен покрив и слемен украс Слеме — највисоката точка на кровната конструкција или највисока хоризонтална линија на пресекот на косите рамнини што го образуваат покривот. Височината на слемето се одредува и мери од котата на завршниот венец на градбата. Максималната височина на слемето над завршниот венец на градбата се одредува со урбанистички план во зависност архитектонскиот израз. Во Македонија максималната височина изнесува 4,5 м, но може да се измени со урбанистички план. Во рамките на дозволената висина на слемето и силуетата на покривот се уредува потпокривен корисен простор кој се третира рамноправно како и другиот корисен изграден простор по спратовите на градбата.
Кај класичните дрвени покриви, роговите обично се свртени еден кон друг на слемето, а може да бидат прифатени и од слемена греда.
Наводи
Категорија:Градежништво Категорија:Архитектура Категорија:Архитектонски речник Категорија:Архитектонски изрази