Бисерџиски занает — традиционален занает што опфаќа изработка, обликување и реставрација на накит и украсни предмети од бисери и ситни декоративни елементи, со примена на рачни техники, прецизна изработка и естетски принципи. мини|алт=Бисери|Ѓердан од бели бисери

Историја на занаетот Култивирањето на бисери со бисерната острига од Јужното Море го започнал Митсибуши во 1916 година, откако технолошкиот патент бил комерцијализиран. До 1931 година, овој проект покажувал знаци на успех, но подоцна тој успех опаднал поради смртта на Тацухеи Мисе. Иако проектот бил повторно започнат по смртта на Тацухеи, тој бил прекинат на почетокот на Втората светска војна пред да се постигне значително производство на бисери.

По Втората светска војна, новите проекти за бисери во Јужното Море биле започнати во раните 1950-ти во заливот Кури и Порт Есингтон во Австралија и Бурма. Јапонските компании биле вклучени во сите проекти користејќи техничари од оригиналните предвоени проекти на Митсибуши во Јужното Море. Една од најголемите и најпознатите фарми за бисери се наоѓала во заливот Кури, во сопственост на Паспалеј, најголемиот производител на бисери од Јужното Море во светот./ Book sourses

Во 2010 година, Кина ја престигнала Јапонија во производството на бисери од акоја. Јапонија целосно го прекинала производството на бисери од акоја помали од 8 мм. Меѓутоа, Јапонија го задржала својот статус на центар за преработка на бисери и увезувала најголем дел од кинеското производство на бисери акоја. Овие бисери потоа се обработувале (често едноставно се усогласувале и сортирале), се етикетирале како производи од Јапонија и се извезувале.Pearl Guide

Подоцна, култивираните бисери достигнувале дијаметар до 14 mm, што веќе не било невообичаено. Во 2013 година, Индонезија Перл (Indonesia Pearl) обезбедувала 43 проценти од меѓународниот пазар на бисери од Јужното Море. Другите значајни производители се Австралија, Филипините, Мјанмар и Малезија.Indonesian Pearls in Figures

Историја на занаетот во Македонија Бисерџискиот занает во Охрид за првпат се појавил во 1923 година кога дошол производителот-мајсторот за изработка на вештачки бисери во Охрид, Црногорецот Јован Субановиќ. Повеќе од 20 години тој работел на овој занает, користејќи ги суровините на Скадарско Езеро, но поради лошите климатски услови, болест, а најповеќе поради големата конкуренција, од повеќе бисерџии решил да работи во Охрид, откако утврдил дека има добри услови за работа, особено суровини.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.127

Во периодот од 1930 до 1932 година во Охрид биле регистрирани двајца мајстори, секој со по двајца калфи за изработка на бисери, од 1934 до 1940 година биле регистрирани две бисерџиско-занаетчиски фирми. Со проширување на занаетот, во 1932 година се претпоставувало дека од него ќе имаат корист и охридските рибари, кои гледале економски просперитет за нив преку бисерџискиот занает, со продавање риба за правење на една од клучните состојки — емулзија. Во периодот на Втората светска војна имало стагнација во изработката на бисерите, па повторно почнала изработката во 1951 година. Во времето на Југославија бисерот претставувал југословенски бренд со потекло од Охрид, па се подарувал на делегации кои доаѓале во посета на СФРЈ.Тамара Денесовска, Зборник етнологија 5,Списание на националната установа Музеј на РС Македонија, Скопје, стр.66

Статистички податоци Според статистичките податоци на занаетчиската комора во Охрид, бисерџиите спаѓале во групата на индивидуални занаетчии, од 1950 до 1952 бил регистриран само еден занаетчија, повторно од 1954 до 1960 година, бил регистриран само еден занаетчија. Во 1955 година било формирано Занаетчиско претпријатие за бисер и стаклена галантерија „Охридски бисер“ како занаетчиско претпријатие од хемиска гранка, кое две до три години произведувало вештачки бисери, а подоцна произведувало сувенири од метални суровини; во 1961 година, претпријатието прераснало во индустриско здружение под името „Езерка“. Постојат податоци дека бисерџискиот занает бил еден од занаетите со најголеми примања, од 1000 до 1400 стари динари.Тамара Денесовска, Зборник етнологија 5,Списание на националната установа Музеј на РС Македонија, Скопје, стр.66/ 67

Охридските бисерџиски фамилии Во тајните на работата на мајсторот Јован, постепено навлегувале охриѓаните Милчо Талески и Михајло Филе. На семејствата Талеви, Субрановиќ им го продал тајниот рецепт за изработка на бисери поради егзистенцијални причини, за 25 наполеони, во 1924 година. За време на неговиот престој во Охрид тој се спријателил и со Никола Филев, кој бил сопственик на кафеаната „Велика Србија“, во близина на чинарот кадешто имало и простории за спиење. Во знак на благодарност и пријателство, Субрановиќ му го подарил тајниот рецепт за изработка на бисери.Тамара Денесовска, Зборник етнологија 5,Списание на националната установа Музеј на РС Македонија, Скопје, стр.68

Тајната за тоа како се обработува бисерот, целиот опфатен процес, ниеден охридски мајстор ја нема пренесено во јавност, туку само на својата блиска фамилија.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.127/ 128 Постои „правило“: нешто што останало како аманет, тајната за правење бисери да се пренесува во фамилијата, по машка линија, од татко на син усно.Тамара Денесовска, Зборник етнологија 5,Списание на националната установа Музеј на РС Македонија, Скопје, стр.68

Охридскиот бисер станал познат и добил траен карактер само затоа што во основа се користела квалитетна суровина, како и од големото мајсторство на охридските занаетчии. Охридските бисерџии, користејќи ги лушпите од рибите и седефот што го увезувале, оваа гранка на занаетчиството технички ја усовршиле до таа мера што охридскиот бисер ни најмалку по квалитет и убавина не заостанувал зад вистинскиот бисер.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.127/ 128

Процес на изработка на бисерот Процесот на изработка започнувал со набавување и чистење на рибата плашица и собирање на нејзините крлушки кои се потребни за да се подготви емулзија. Емулзијата ја подготвувал мајсторот, чиј таен процес го знаел само тој. За да добие еден литар рибино сребро (емулзија), потребни биле околу 10 килограми крлушки, односно околу 600 килограми риба. За да се добие добра емулзија, најдобар период за да се издвои крлушката бил кога е таа најсјајна, од крајот на декември до крајот на месец јануари.

Зрната од школки се мијат во киселина, се дупчат од двете страни, се поставуваат на чепкалки за заби и на дрвени штички, па се премачкуваат со емулзија со четка со природни влакна од коњ, камила или верверица. Природните влакна на четката подобро ја впиваат емулзијата и ја распределуваат со премачкување на зрното (перлата). Зрната се премачкуваат онолку пати колку што е пречникот на зрното, а помеѓу две премачкувања треба да поминат најмалку 45 минути на сушење.

Процесот на нижење може да се изведе на три начини: на жица (родирана, албака или сребрена), на жила (цврста со носивост на кинење од 15 до 55 килограми) или со правење јазли т.е. со плетење конец (памучен или свилен). Во минатото се нижело на рибарски конец со кој се плетеле рибарските мрежи.Тамара Денесовска, Зборник етнологија 5,Списание на националната установа Музеј на РС Македонија, Скопје, стр.69/70

Алати на бисерџискиот занает Во бисерџискиот занает се користеле следниве алати: жици, конци, жили, клешти, ножици, игли за плетење, игли со свилен врв, чингелаќе, чепкалки, дупчалки, четки од природни влакна, штици.Тамара Денесовска, Зборник етнологија 5,Списание на националната установа Музеј на РС Македонија, Скопје, стр.71

Поврзано Бисер Охридски бисер

Наводи

Категорија:Занаети