Леон Бога, роден Леонида Теодор Бога (познат по псеводинимите Нида Бога и Л. Т. Бога; ; Велес, 12 јануари 1886 — Васлуи, 26 јуни 1974) — македонски писател, учител и архивист со влашко потекло од Велес. Неговото најзначајно дело, Voshopolea („Москополе“), го започнало идеализацијата присутна во влашката литература за Москополе, денешно село во Албанија кое било голема метропола со важно влашко население за време на Отоманското Царство.
Животопис Леонида Бога е родена на 12 јануари 1886 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Прво се образувал во велешкото грчко училиште, а подоцна и во романското црковно училиште, и двете во неговиот роден град. Потоа се запишал во Романската гимназија во Битола, при што во текот на неговото образование тој придонесувал за месечниот магазин на гимназијата Лумина или Светлина во македонски. Бога студирал географија и историја во Букурешкиот универзитет и станал учител во неколку села низ Романија. Тој се борел како доброволец во романските пешадиски сили за време на Втората балканска војна и Првата светска војна, учествувајќи во битките во Намолоаса и Марашешти заедно со неколку други Влашки доброволци.
После Првата светска војна, Бога бил назначен за учител во Кишињев, во романска Бесарабија (денешна Молдавија). Тој, исто така, станал директор на Националниот архив на Кишињеу и уредувал 20 тома документи за историјата на Бесарабија и два тома за историјата на Влашка од 17 век. Бога пишувал песни и раскази на влашки јазик. Поради тоа што бил еден од најпродуктивните влашки писатели, некои од неговите дела ги потпишал како „Леон Бога“ или „Л.Т. Бога“, задржувајќи го за своите најзрели дела името „Нида Бога“, што му се чинело како попознато влашко име. Романскиот литературен критичар Константин Сореску истакнал дека делата на Бога се толку важни за влашката литература што го сметал за потенцијален добитник на Нобеловата награда, исто како што го добило и францускиот писател Фредерик Мистрал за неговите дела за полумртвиот окситански јазик. По формирањето на комунистичкиот режим во Романија по Втората светска војна, Бога бил редовно малтретиран од страна на тајната полициска агенција на режимот, главната причина зошто бил малтретиран е поради тоа што бил поранешен функционер на романската администрација Бесарабија, која во тоа време веќе била припоена конСоветскиот Сојуз.
Најпознатото дело на Бога било Voshopolea („Москополе“), напишано меѓу 1947 и 1950 година. Станува збор за епска поема од 150 сонети што го родила влашкиот книжовен тренд на идолизација на поранешниот град Москополе. Москополе, денес село во Албанија, било истакната метропола во турското време, поради големата важноста на градот, местото го добило прекарот „Влашкиот Ерусалим“. Градот бил целосно уништен и опљачкан од турскиот албански владетел Али Паша Јанински во 18 век. Во делото Voshopolea, Бога го раскажувал основниот мит за Москополе, според кој го основале влашки овчари. Тој пишувал како просперитетот и економскиот живот на основачите на овчарите се зголемувале како што се развивал градот, делумно благодарение на трговијата, поради тоа овчарството и трговијата денес се сметаат за традиционални влашки занимања. Понатаму, во песната, Бог, дарежлив кон влашката нација што и дал такво место, помагал и го придружувал основањето и развојот на Москополе, при што Бога вложил голем напор во опишувањето на религиозните елементи и ритуалите во неговиот утописки Москополе. Бога го доделувал Москополе исклучивно на Власите и христијаните, опишувајќи го како „целосно влашки град“ во кој „нема ни трага од турско или муслиманско присуство“. Муслиманите генерално добиваат најголема вина за уништувањето на Москополе во овој книжевен тренд.
После смртта на неговата сопруга, Бога се преселил во Плоешт за да живеел со неговата ќерка Силвија. После нејзината смрт тажниот Бога се преселил во романскиот град Васлуи, живеејќи со неговиот син Николае кој бил лекар по професија. Бога подоцна си го продал својот стан во Букурешт по смртта на неговата сопруга, делејќи ја добивката меѓу своите две деца, тој се пензионирал во манастирот Агапија во Агапија, живеејќи во скудна пустиничка соба, каде што продолжил да пишувал до своите последни денови. Поради тоа што се чувствувал болен, сметал дека неговата смрт е неизбежна и ја напишал неговата последна песна, монолог со наслов Cîntic mănăstiresc („Монашка песна“). Бога почина во 1974 година, во градската болница во Васлуи.
Наводи
Употребена литература
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Романија Категорија:Родени во 1886 година Категорија:Починати во 1974 година Категорија:Романски поети Категорија:Македонски Власи Категорија:Влашки поети