мини|200x200пкс| Знамето на Лужичките Срби Лужичка литература — литература на западнословенскиот народ од Средна Европа именуван како Лужички Срби, напишана на лужички јазици (горнолужички јазик и долнолужички јазик).
Историјата на лужичката литература започнала со реформацијата и со преводите на религиозните текстови. Првиот превод на Новиот завет бил направен во 1549 година од М. Јакубица, а првата печатена книга била Zpevnik a Katechism (Химнал и катехизам) на Албин Молер од 1574 година.
Британската библиотека чува многу копии од раната лужичка литература, а најраната е копија на Господовата молитва која датира од 1603 година. Лужичкиот јазик бил забележан и во еден од првите повеќејазични речници: Megiser's Thesaurus Polyglottus, објавен во Франкфурт во 1603 година. До 1700 година биле достапни околу дваесет книги, главно за религијата.
Од тој ран период преживело малку. Голем дел од лужичката литература била сместена во библиотека во Дрезден и уништена при бомбардирањето на Дрезден за време на Втората светска војна.
Јуриј Брезан објавил книги на горнолужички и германски, а Јуриј Кох на долнолужички и германски.
Лужичка поезија мини|385x385пкс|Една од песните на Хандриј Зејлер мини|306x306пкс| Хандриј Зејлер Лужичката поезија процветала во доцните 1800-ти, а еден од најзначајните поети бил Хандриј Зејлер, кој објавувал помеѓу 1883 и 1891 година.
Лужички списанија Најтрајното од лужичките списанија било Casopis Macicy Serbskeje, објавувано помеѓу 1848 и 1918 година.
Наводи
Категорија:Европска книжевност Категорија:Лужица