„Ах ти мило детенце“ — стихозбирка за деца на македонскиот поет Иван Ивановски. Песните во збирката се напишани според мотивите на народни песни од разни земји. Збирката служела како лектира за прво одделение во основните училишта во СР Македонија.Иван Ивановски, Ах ти мило детенце. Култура, Скопје, 1980.

Содржина Збирката содржи 18 песни: Ах, ти, мило детенце Мачорот крај шпоретот Спиј ми, сине Иде коза рогушеста Ленкината кукла Знаеш ли, знаеш ли...? Коњче Малите овчарчиња Природата е волшебна Пролет Разговор Штурчевата песничка за бепчињата и дечињата Чуден случај Пчелите и Гале Оро водат пчели рој Чудна случка во гората Косидба Зајко Бешко мрзливец

Изданија Во 1980 година, збирката била објавена како заедничко издание на издавачките куќи Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, а во реализација на „Култура“. Автор на корицата и на илустрациите во книгата е Младен Туниќ. Книгата е испечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 30 000 примероци. Таа не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN. Наводи

Категорија:Дела на Иван Ивановски Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Детска книжевност Категорија:Изданија на Култура