мини|Киргистанка во народна носија служи киргистанско јадење во Бишкек. десно|мини|250x250пкс| Бешбармак Киргистанската кујна е храна карактеристична за Киргистанците, кои го сочинуваат мнозинство од населението на Киргистан. Кујната во многу аспекти е слична со храната на соседните земји.
Традиционалната киргистанска храна во својот состав најчесто го има овчото, говедското и коњското месо, како и разни млечни производи. Техниките на подготовка и главните состојки се под силно влијание на историскиот номадски начин на живот на народот. Така, многу техники за готвење се погодни за долгорочно зачувување на храната. Овчо и говедско месо се омилените меса, иако во денешно време многу Киргистанци не можат редовно да си ги дозволат.
Киргистан е дом на многу различни националности што носи и различни видови кујни. Во поголемите градови, како што се Бишкек, Ош, Џалал Абад и Каракол, може да се најдат различни национални и меѓународни кујни. Не-киргистанските кујни кои се особено вообичаени и популарни во Киргистан вклучуваат ујгурска, дунганска, узбекистанска и турска кујна, кои ги претставуваат најголемите малцинства во земјата.
Јадења со месо Месото во различни облици отсекогаш било суштински дел од киргистанската кујна. Меѓу најпопуларните јадења со месо се колбасите од коњско месо (суџук), печен овчи џигер, бешбармак (јадење кое содржи варено и исечкано месо со тенки тестенини) и разни други деликатеси направени од коњско месо.
Бешбармак Бешбармак е киргистанско национално јадење, иако е вообичаено и во Казахстан и во Шјинџјианг (каде што се нарекува нарин). Се состои од коњско месо (или овчо/говедско) варено во сопствената течност неколку часа и сервирано врз домашни тестенини на кои има магдонос. Бешбармак значи „пет прсти“ на киргиски јазик и името најверојатно го добил затоа што јадењето обично се јаде со раце. Бешбармак најчесто се прави за време на гозби, односно настани како раѓање на дете, роденден или да оплакување на смртта во семејството, било на погреб или на годишнина. Ако наместо коњско месо се користи овчо месо, се става варена овча глава на трпезата пред најпочесниот гостин, кој сече парчиња од главата и ги нуди наоколу на другите гости на трпезата.
Димлама Димлама е манџа која се состои од месо, компири, кромид, зеленчук и овошје.
Курдак Куурдак е едно од главните јадења со месо.
Шаш-кебаб Исечени парчиња овчо месо се подготвуваат на скара со чаден јаглен, со прилог сиров исечкан кромид. Се служи покрај во рестораните, често и како улична храна. Месото обично се маринира со часови пред да се готви. Шашлик може да се направи и од говедско, пилешко и риба. Секој шаш-кебаб обично има сооднос маснотии и месо од еден спрема еден.
Шорпо Шорпо (или сорпо) е супа од месо.
Лагман Лагман е јадење кое се состои од месо, зеленчук и нудли.
Палоо мини|Подготовка на Палоо Палоо (или күрүч/аш) е киргистанска верзија на она што генерално се нарекува пилав во централноазиската кујна. Се состои од парчиња месо (обично овчо или говедско, но понекогаш и пилешко) пржени во голем казан (котел од леано железо) и измешани со пржени сечкани моркови, џиукаи (лук) и варен ориз. Јадењето е украсено со цели пржени чешниња лук и лути црвени пиперки. Узген пало се прави со локално одгледан ориз од јужниот округ Узген во Киргистан. Ширин пало, близок роднина на ширин пилав во азербејџанската кујна, е вегетаријанско јадење во кое месото се заменува со сушено овошје, како што се сливи, кајсии и суво грозје.
Палоо е киргистанска форма на персискиот збор polow или polo, поврзан во етимологијата со пилаф. На руски јадењето се нарекува плов, на турски пилав, во туркиски јазици аш и на таџички ош.
Нудли и кнедли десно|мини|250x250пкс| Многу ресторани во Бишкек ја рекламираат „кујната на Дунган“ Мантии се кнедли кои се подготвуваат на пареа полнети со мелено месо и кромид.
Самса се мали пецива или леб во кои е завиткано месото и зеленчукот, многу слични на индиските самоса. Најчесто се полнети со овчо месо и маснотии, но се прават и со пилешко, сирење, зелка, говедско, па дури и тиква. Тие можат да се купат во повеќето чаршии или на улиците во поголемите градови.
Лагман е многу популарно јадење со нудли. Се состои од дебели тестенини создадени со растегнување на многу едноставно тесто од брашно, потоа покриено со сечкани пиперки и друг зеленчук и сервирани во зачинет сос од оцет. Лагман се служи насекаде во Киргистан, но се смета за дунганско или ујгурско јадење.
Леб и чај мини|300x300пкс| Едноставен оброк во мал ресторан во стилот на Дунган (Хуизу) во Дордој чаршија, Бишкек. Лагман (јадење со тестенини), салата, леб и чај. лево|мини| Наан на пазар во Ош Вообичаени видови леб (на киргистански се нарекува нан) кои ги има во Киргистан се средноазиски рамен леб (нан) и дебели, цврсти турски лебови. Централноазискиот рамен леб се готви на јаглен во тандурипечки, и е тркалезен и релативно рамен.
Кај традиционалните печива спаѓаат и катама и бурсок, два вида пржен леб.
Киргистанците често јадат разни лебови со тоа што го потопуваат во џем, кајмак, путер (или сари мај) итн. Бурсок понекогаш се јаде потопен во чај или мед.
Лебот е ценет како свет во киргистанската култура, а добриот домаќин секогаш му нуди на гостинот барем леб (често со чај), дури и ако гостинот престојува накратко.
Пијалаци лево|мини| Млекото од кобила се користи за правење кимиз Популарен киргистански пијалак е кумис (киргиски : qɯmɯz), благо алкохолен пијалак направен со ферментирање на млеко од кобила. Овој пијалак се смета за пијалак со потекло од евроазиската номадска култура, бидејќи се консумира и во Казахстан и Монголија. Свеж кумис е достапен само во лето, од околу мај до август, кога најчесто може да се купи покрај патот во планинските области.
Постојат многу пијалаци кои би можеле да се опишат како традиционални киргистански пијалаци. Еден таков популарен безалкохолен пијалак, особено во лето, е максим, малку газиран пијалак направен со ферментирање на зрна. Максим традиционално се правел во мали количини од жени за лична употреба во семејството; сепак, овој пијалак бил воведен како комерцијален производ во Бишкек од компанијата „ Шоро “, по што станал широко достапен низ целиот Киргистан. Максим обично се прави од слад, но во неговата подготовка може да се користат и други видови зрна. Постојат различни методи и рецепти кои варираат во зависност од регионот. Се подготвува со варење на мелен слад или друг вид житарки во вода. По извесно време оваа супстанца се лади и се подложува на процес на ферментација предизвикан од квасец. Максим обично се консумира ладен.
Џарма е сличен пијалак добиен од мелени житарки. Се прави речиси на ист начин како и максим, само што наместо да се ферментира, се меша со ајран за да биде малку газиран.
Друг газиран пијалак направен од ајран е чалап (понекогаш се продава како Тан). Други традиционални пијалаци се овчо млеко и неговите производи (како што е курут) и млеко од камила. Двете основни компании кои комерцијално произведуваат киргистански национални пијалаци се Шоро и Енесеј.
Боза е малку алкохолен пијалак подготвен од пченица.
Наводи
Надворешни врски
Киргистанска национална кујна
Категорија:Киргистанска култура Категорија:Статии со извадоци