Елвира Ергас ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите во Холокаустот.

Животопис Таа била ученичка во француското училиште во Битола, во учебната 1913-1914 година. Пред војната учествувала во напредната младинска организација „Хашомер Хацаир“. Во 1941 година била примена за член на СКОЈ и учествувала во повеќе акции за растурање на илегален материјал била иницијатор на собири во нејзиниот дом кои биле ползувани за изработка на облека за борците во НОВ. Во подготовките да замине во партизанските одреди, на 11 март 1943 година, од страна на бугарскиот окупатор била депортирана во концентрациониот логор Треблинка во Полска. Била задушена во гасна комора.

Поврзано Депортација на Евреите од Македонија

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна