„Капитализмот во Америка: Историја“ (англиски: Capitalism in America: A history) — книга на Алан Гринспен и Адриен Вулдриџ од 2018 година.
Содржина Книгата се состои од вовед, 12 глави и заклучок:Alan Greenspan and Adrian Wooldridge, Capitalism in America: A History. New York: Penguin Press, 2018. Вовед Комерцијалната република 1776-1860 Двете Америки Триумфот на капитализмот Ерата на џиновите Револтот против лесефер Бизнисот на Америка е бизнисот Големата депресија Златната ера на растот Стагфлацијата Ерата на оптимизмот Големата рецесија Опаѓачкиот динамизам на Америка Заклучок
За книгата Книгата добила бројни позитивни критики од различни страни. На пример, во приказот објавен во весникот „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) се истакнува дека „читателите ќе излезат од оваа смеса на економска, деловна и политичка историја со чувство на возбуденост од начинот на којшто американското искуство е прикажано толку живописно и впечатливо.“ Според списанието „Економист“, книгата „дава силни агрументи со неколку прекрасни прикази на деловната историја.“ Весникот „Тајмс“ (Times) ја нарекува книгата „убедлива и добро документирана еднотомна историја“, а весникот „Вашингтон тајмс“ (Washington Times) ја оценува како „врвен водич во капитализмот од американски стил“. Според „Американскиот конзервативец“ (The American Conservative), „оваа книга е задолжително четиво за секого кој се грижи за животот, слободата и напредокот на Америка“, а „Библиотечниот журнал“ (Library Journal) ја опишува како „просветлувачка и длабока историја... која е вреден придонес кон американската деловна историја...“ Добитникот на Пулицеровата награда, Лиакват Ахамед ја фали комбинацијата на легендарната вештина на Гринспан за анализа на податоците и знаењето на Вулдриџ од областа на деловната историја, а благодарение на тоа, книгата е „полна со прикази што ќе ве изненадат и ќе ви ги променат погледите за некои клучни епизоди од американската историја“. Слично на тоа, Даниел Јергин ја истакнува комбинацијата на длабоката анализа и исклучителните портрети на луѓето кои се заслужни за американската економска историја. Исто така, книгата се нашла на потесниот список на кандидатите за наградата на Фајненшел тајмс за деловна книга на годината.
Наводи
Категорија:Дела на Алан Гринспен Категорија:Економски дела Категорија:Книги од 2018 година