Брзи и бесни: Токио дрифтПравописно, треба да биде Токиски дрифт, но официјалниот наслов на македонски е Токио дрифт (транскрибирано). () — американски акционен филм од 2006 г., во режија на Џастин Лин и сценарио на Крис Морган. Тоа е самостојно продолжение на Брзи и бесни (2001) и Брзи и бесни 2 (2003) и третиот (хронолошки шестиот) дел од франшизата „Брзи и бесни“. Главните улоги во филмот ги толкуваат Лукас Блек и Бау Вау и го следи средношколскиот автољубител, Шон Бозвел (Блек), кој оди да живее во Токио со својот отуѓен татко и наоѓа утеха истражувајќи ја градската дрифт-заедница.

Содржина Дејството на филмот се одвива по настаните од шестиот дел, а завршува паралелно со седмиот. На почетокот, Шон Бозвел се расправа со средношколецот Клеј поради тоа што разговарал со неговата девојка Синди. Двајцата решаваат да се тркаат, со неа како награда, но трката завршува со судир. Мајката на Шон, не сакајќи повторно да се сели со него, го испраќа да живее кај неговиот татко во Токио, кој служи како офицер во Американската морнарица. Таму, Шон случајно го запознава светот на дрифтот преку Твинки.

Набргу, Шон влегува во судир со Такаши, познат како Ди-Кеј (скратено од англ. Drift King — Кралот на Дрифтот), бидејќи разговара со неговата девојка Нила. Шон го предизвикува на трка, а Хан му го позајмува својот автомобил. Ди-Кеј убедливо победува, а Шон ја уништува колата на Хан. Потоа, Хан му вели на Шон дека ќе мора да работи за него за да го отплати долгот и да се приклучува во идните трки. Со тек на време, Шон дознава повеќе за своите нови пријатели и за тоа дека Хан е деловен ортак на Ди-Кеј, но сепак му дозволува да се трка бидејќи не се плаши од Такаши.

Полека, Шон стекнува почит на сцената за дрифтинг под заштита на Хан и неговата екипа „непожелни“. Се зближува и со Нила, која сака да дрифтува низ планините, а нивната врска предизвикува судир со Ди-Кеј. Нила му открива дека по смртта на нејзината мајка, пораснала со Такаши, но секогаш се чувствувала како странец — исто како Шон. Еден ден, кога Ди-Кеј ги гледа заедно, го претепува Шон и му наредува да се држи подалеку од неа. Гледајќи го повреден, Нила заминува од Ди-Кеј.

Додека високопоставениот јакуза, Камата, му порачува на својот внук Такаши дека Хан ги краде парите, Ди-Кеј тргнува по него. Во хаотична потера низ улиците на Токио, Ди-Кеј го брка Хан и пука кон него. Хан успева да избегне, но друго возило го удира (во седмиот филм се открива дека тоа бил Декард Шо). Колата на Хан избувнува, и тој загинува.

Нила и Шон бегаат кај таткото на Шон, но Ди-Кеј ги пронаоѓа. Таткото на Шон му се заканува со пиштол, но Нила заминува со Ди-Кеј. Твинки и татко му му предложуваат на Шон да си замине од градот бидејќи е во судир не само со Такаши, туку и со јакузата. Шон одбива — ако се случило по негова вина, тој ќе го среди тоа.

Тој оди кај Камата, му ги носи парите што ги крадел Хан и предлага „трка на честа“ — губитникот си заминува од градот. Трката се одвива на планински пат, каде што Ди-Кеј има предност бидејќи никогаш никој освен него не стигнал до крајот. Шон, Твинки и екипата ја земаат колата на неговиот татко и ја преправат, користејќи мотор од претходно уништениот Nissan Silvia S15.

По долга и неизвесна трка, Шон победува, а Ди-Кеј доживува несреќа на последниот свијок. Камата му дозволува на Шон да си замине, Нила му се враќа, а Ди-Кеј го напушта Токио.

Набргу потоа, Шон станува новиот Крал на Дрифтот. На една средба, му се појавува Доминик Торето, стар пријател на Хан, и го предизвикува на трка. Нила го означува почетокот, колите тргнуваат — а исходот се дознава во седмиот дел.

Улоги

|Лукас Блек |Шон Бозвел |- |Бау Вау |Твинки |- |Сунг Канг |Хан Лу |- |Брајан Ти |Такаши |- |Сони Чиба |Камата |- |Натали Кели |Нила |- |Линда Бојд |г-ѓа Бозвел |- |Брајан Гудман |поручник Бозвел |- |Леонардо Нам |Моримото |- | Вин Дизел | Доминик Торето (камео)

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2006 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмски продолженија Категорија:Филмови на Universal Pictures Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Американски филмови на патот