мини| Бланка Телеки Грофица Бланка Телеки де Сек (5 јули 1806 – 23 октомври 1862) — унгарска благородничка, просветителка и активистка за правата на жените. Таа се смета за рана феминистка и пионер во образованието на жените.Francisca de Haan, Krasimira Daskalova & Anna Loutfi: Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Easterna and South Eastern Europe, 19th and 20th centuries Central European University Press, 2006
Животопис Бланка Телеки била родена на 5 јули 1806 година во Сатулунг во денешна Романија. Нејзини родители биле грофот Имре Телеки де Сек (1782-1848) и грофицата Каролина Брунсвик фон Коромпа (1782-1843). Нејзиното семејство имало имот во округот Сату Маре во близина на Украина.Teleki Blanka , Sulinet.hu, retrieved 18 July 2015 Таа била внука на образовниот пионер Тереза Брусвик. Студирала сликарство во Минхен и Париз, а скулптура кај Иштван Ференчи во Будимпешта. Откако ги објавила своите идеи во врска со образованието на жените, таа основала сопствено училиште за девојки во Будимпешта во 1846 година. Во 1848 година, таа и нејзините ученици станале првите жени во Унгарија кои потпишале петиција во која барале еднакви права на мажите и жените во Унгарија, барајќи за жените право на глас и право на жените да посетуваат универзитет. Учествувала во револуцијата од 1848 година и затоа била осудена на затвор. Во 1851 година била затворена со Клара Левеј, а била ослободена во 1856 година. Откако ја отслужила казната, таа ја напуштила Унгарија во Париз, каде умрела на 23 октомври 1862 година.
Наводи
Категорија:Починати во 1862 година Категорија:Родени во 1806 година Категорија:Унгарско благородништво Категорија:Просветари