мини| Фотографија направена од астронаутот на НАСА. Гау и островот Најрај. Гау (фиџиски и англиски: Gau) познат и како Нгау (Ngau) е остров кој е дел од групата на Ломавитиски Острови во Фиџи. Островот зафаќа површина од 136,1 километри квадратни со вкупна должина на брег од 66,3 километр, што го прави петти по големина остров во Фиџи. Неговата максимална надморска висина е 738 метри . На северозапад е Батики, а на североисток е Најрај .
Географија На островот има 16 села: Јадуа, Вадра Вадра, Лову, Левука-и-Гау, Нукулоа, Наваикама, Сомосомо, Саваике (главното село), Навукаилаги, Карани, Вионе, Леканаи, Вануасо, Накаванади, Малаваи и Ламити. Повеќето жители на островот живеат во близина на брегот, а мал број живеат во внатрешноста на островот. Патувањето помеѓу селата е главно по морски пат или по крајбрежен пат. Има една писта Лову, на јужниот крај на островот, која ја користат авиони од меѓународниот аеродром Наусори . На островот има едно средно училиште во Наваикама.
Екологија Околу 55% од површината на островот е покриен со густи дождовни шуми. Источниот брег и северните и јужните врвови на островот се покриени со пасишта или трска, со некои насади од донесениот карипски бор (Pinus caribaea ).
Значајната област за птици на Висорамнините Гау е област што ја покрива целата пошумена внатрешност (нешто повеќе од 50% од целиот остров) и има површина од 5200 хектари. Содржи популации на критично загрозениот фиџиски петрел и ранливиот срамежлив гулаб.
Значајни жители Првиот крал на Фиџи Серу Епениса Чакобау пораснал на островот, и покрај фактот дека е роден на блискиот остров Најрај .
Наводи
Категорија:Острови во Фиџи Категорија:Ломавити (покраина)