Марија Бошкова Жабевска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.

Животопис десно|мини|200x200пкс|Марија Жабевска е носител на Партизанската споменица 1941. Учествувала во заднината на НОД од 1941 година. Од септември истата година, станала член на СКОЈ и работела на опфаќањето на женската младина. Собирала народна помош и растурала илегален материјал. Била курир меѓу илегалците во Скопје и Месниот Комитет на КПЈ-Скопје. Во август 1942 година била затворена, а потоа интернирана во Бугарија. Во јуни 1943 година се вратила во Скопје и одржувала врски со политичките затвореници. Во април 1944 година повторно била интернирана на 6 месеци во Горна Џумаја, Бугарија. Со калитулацијата на Бугарија се вратила во Македонија. Отпрвин била санитет во партизанската болница во селото Горно Врановци, Велешко, а потоа во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941