Ружа Иванова-Силјановска ( во —) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Од 1941 година се движела меѓу напредната младина во градот. Во август 1944 година стапила во единиците на НОВ н ПОМ, како борец на Четвртата македонска ударна бригада. Учествувала во сите акции на бригадата и наскоро била избрана за политички делегат на чета. Потоа била заменик кoмecap на I чета во I баталјон на Тринаесеттата македонска ударна бригада. Со 42 дивизија, како санитетка учествувала во завршните операции за ослободувањето на Југославија на Сремскиот фронт.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ