Мир () — титула што се користела во исламските земји, обично означувајќи поглавар на племе. Потекнува од арапскиот збор „емир“ ().Бартольд В. В. Работы по исторической географии / О. Г. Большаков, А. М. Беленицкий. — Восточная литература, 2002. — С. 346. — 711 с. — (Классики отечественного востоковедения). (руски)
Во Отоманското Царство, титулата мир-и-миран, заедно со арапскиот емир ел-умара („емир на емирите“), била користена како еквивалент на турската титула беглербег.
На Индискиот Потконтинент, по доаѓањето на власт на Великиот Могул, титулата мир во комбинација со зборови од јазикот урду се користела за означување на различни воени и административни должности: маршал (мир-тузак), командант или началник (мир-дах), главен распоредувач (мир-саман), главен ловец (мир-шикар), командант на артилеријата (мир-и-аташ), претседател на меџлисот (мир-и-меџлис), старешина на маало (мир-махала), генерал-квартермастер (мир-и-манзил) и главен секретар (мир-мунши).
Во хиндуистичкото кралство Непал, титулата мир-мунши ја носел главниот секретар на Министерството за надворешни работи, а титулата мир-умарао (од арапскиот „емир ел-умара“) ја носеле повисоките офицери пониски од сердарите. Еден од владетелите на Белуџистан во XV век се викал Мир Чакар.
Во Средна и Јужна Азија, „мир“, како и зборот „хан“, често е дел од лично име (на пр. Мир Муртаза Бхуто, Мир Мухамед Амин-и Бухари). Исто така, оваа титула се среќава и во имињата на неколку градови во Пакистан, како што се Мирпур во Азад Кашмир и Мирпур-Хас во Синд.
Наводи
Категорија:Титули Категорија:Воени чинови Категорија:Кралски титули Категорија:Благороднички титули Категорија:Шефови на држави