мини|217x217пкс| Митолошкиот џин Див на поштенска марка од Азербејџан Азербејџанска митологија (азербејџански: Azərbaycan mifologiyası) — митолошки претстави на азерскиот народ.

Азербејџанските митови и легенди биле создадени врз основа на верата на народот во митски и полумитски суштества - носители на доброто и злото. Митските единства како што биле Земја - Небо, Море - Планина, Вода - Оган, Човек - Ѕвер, Дрво - Цвет, Ветер - Кал, доминираат во митолошкиот систем. Приказните поврзани со овие единства се создавале како што се развивало општеството. Овие приказни го карактеризираат раниот развој на луѓето и се пренесувале усно во текот на многу векови. Друга група митски единства во форма на посебни приказни станала дел од различни азербејџански фолклорни жанрови.

Иако митологијата на азерскиот народ била под влијание на надворешни сили, таа задржала локална боја. Таа е поврзана со митологијата на Кумиците.

Потеклото на некои азербејџански митови лежи во монументалниот еп Огуз-Наме, како и во приказните за херојскиот еп на Огузите Китаб Деде Коркуд, кој вклучувал рани турски претстави и архаични погледи кои потекнувале од Кавказот.

Наводи

Дополнителна литература

Категорија:Азербејџанска национална култура Категорија:Азербејџански фолклор