Музејот на џез во Њујорк, од 16 јуни 1972 година, до 1977 година, бил центар за проучување на џезот. На својот врв, музејот содржел 25.000 предмети. Основан е од Хауард Е. Фишер и други, но се затворил по пет години поради борбата за власт меѓу Фишер и останатите кустоси.
Историја Музејот е наоѓал во двокатна зграда во центарот на Менхетен и имал мал персонал, архива која на крајот броела околу 25.000 предмети и обемни програми во Њујорк и пошироко. Некои од програмите освоиле награди, а најголемиот дел биле широко признати и од медиумите и од љубителите на џезот. Имало бесплатни концерти – 40 годишно, спонзорирани од дестилеријата Калверт, Џез куклено шоу, Џез Филмските Фестивали, Џез Панорама – аудио-визуелна историја на џезот (спонзорирана од Советот за уметности на државата Њујорк), продавница за џез „Д Џез Стор (анг: The Jazz Store)“, информативен центар, изложбите за – Луис Армстронг, Дјук Елингтон, Бени Гудман, „Брд и Диз (Bird & Diz)“: „Бибоп Ера (анг: The Bebop Era)“, Саксофонската секција, Каунт Бејзи и неговите бендови, Сеќавање на Били Холидеј, „За Џон Колтрејн“, и Џез труба. Во рамките на изложбите биле изработени и постери и брошури – вклучувајќи ја и „Џез приказната“ , а имало и многу други содржини. Долготрајната борба за власт на крајот предизвикала пропаѓање на музејот. Во тој раздор било вовлечено и „Џез братството“, кое ги вклучувало најистакнатите имиња од џезот сцената - музичари, продуценти, писатели, уметници и други.
Музејот бил отворен на 16 јуни 1972 година, во стара помошна зграда со еден и пол кат на западна 55-та улица број 125, помеѓу Шестата и Седмата авенија, во Мидтаун Менхетен – два блока јужно од Карнеги Хол. По преселбата во хотелот „Емпаер“ и во магацин во деловна зграда на Бродвеј и 58-ма улица, во 1976 година музејот купил двокатна зграда на Западна 54-та улица број 236 во Мидтаун за 210.000 долари со помош на грант од Фондацијата Форд. Повторно се отворил во јуни истата година, но постоел само околу една година откако Фишер бил отпуштен. Најголемиот дел од архивата останал во Центарот Шомбург (дел од Јавната библиотека во Њујорк ) и во Институтот за џез студии „Ратгерс“ во Њу Џерси.
Наводи
Надворешни врски https://www.youtube.com/watch?v=iMiCvKpfSUA
Категорија:Џез музеи Категорија:Музички музеи