Петaр Бошнаков или Петар Бошњаков, познат по псевдонимот Еден Македонец (Велес, 1878 — Скопје, 1904) — македонски револуционер, просветител и војвода од Велес, деец на Македонската револуционерна организација. Дел од тринаесетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија. Борец против Бугарската пропаганда во Македонија.

Животопис Петар Бошнаков или Бошњаков е роден во 1878 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Отпрвин учел во неговиот мајчин град а подоцна се преселил во Солун за да се образува во Солунската машка гимназија. Во 1897 година бил исклучен од гимназијата поради неговото учество во студентскиот бунт. Покрај тоа во 1898 година станал дел од тринаесетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија. После неговото образование се вработил како учител. При неговото просветително дејство се членува во Македонската револуционерна организација. Во 1900 година се преселил во Струмица и учествува во Смилјанската афера во Радовиш, после аферата бил принуден да избега од градот.

За кратко време бил војвода во Радовишката околија во 1902 година. Истата година излегла од печат неговата брошура „Бугарската пропаганда во Македонија и Одринско“ каде што ја критикувал Бугарската пропаганда во Македонија. За да го избегне теророт од Бугарската егзархија го користел псевдонимот Еден Македонец (според илинденската азбука: Единъ Македонецъ) за неговите литературни изданија. Во неговата брошура тој предложува различно толкување кон втората фаза на македонското револуционерно движење — барањето на автономија на Македонија и Одринско. Според него под желбата на автономија се криело план за формирање на независна македонска држава во Балканскиот полуостров, овој став со противставува со гледиштата на Бугарската историографија кои сметаат дека под дагата на автономија имало желба да ја припојат земјата кон Кнежевството Бугарија.

Уапсан е од Отоманската власт и интерниран во Скопје. Во затвор се заболува со туберкулоза и во 1904 година поради болката одлучил да се самоубие.

Надворешни врски

„Бугарската пропаганда во Македонија и Одринско“, Софија, 1902 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1878 година Категорија:Починати во 1904 година Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски учители Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски автори Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на МРО Категорија:Самоубијци Категорија:Тринаесетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија