Христо (Ичко, Ичо) А. Трајанов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис Трајанов е роден на 10 декември 1876 г. во селото Тушилово, Гуменџиско, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција. Стапил во ВМОРО и учествувал во Илинденското востание како курир. Во 1905 г. станал четник на Апостол-војвода.

По убиството на војводата во 1911 година, Христо влегол во четата на Ичко ДимитровДинев, Ангел. Хуриетът и следхуриетските борби в Гевгелийско. София, 1934, стр. 63.. Оваа чета влегла во конфликт врховистичката чета на Коста Христо Попето на Кожуф. Учествувал во битките на 12 септември 1912 г. во с. Крива и на 24 октомври на врвот Бајраците на планината Пајак, како и во борбите во Валандово на 19-20 јуни и 6-17 август 1913 г. за време на Балканските војни. Бил доброволец во I партизанска чета, II гевгелиска чета и во I чета на XV штипска дружина на МОО, поради што е подоцна одликуван со орденот „За храброст“ IV степен. За време на Првата светска војна, тој станал комита во четата на Иван Караџов.

По крајот на војната Христо Трајанов со своето семејство се преселил во Бугарија. каде работел како полски чувар во Софија. Подоцна станал член на Илинденската организација. Починал на 30 декември 1935 г.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на Илинденската организација Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Македонски преселници во Софија