Бладшот () — американски суперхеројски филм од 2020 г., заснован на ликот со исто име од Valiant Comics. Се очекува да биде првиот филм во филмската вселена на Valiant. Филмот е режиран од Дејвид С. Ф. Вилсон, а сценариото го напишале Џеф Вадлоу и Ерик Хајсерер. Улогата на главниот лик Бладшот ја играл Вин Дизел. Други членови на екипата се Еиса Гонсалес, Сем Хјуен, Тоби Кебел и Гај Пирс. Филмот ја раскажува приказната за морнарички пешадинец што е воскреснат од научници по смртта и претворен во неуништлива машина за убивање со натчовечки способности.

Премиерата на филмот во САД била на 13 март 2020 г., а во Македонија на 12 март истата година.

Содржина Откако тој и неговата сопруга се убиени, морнаричкиот пешадинец Реј Герисон е воскреснат од екипа научници. Збогатен со нанотехнологија, тој станува натчовечка, биотехнолошка машина за убивање — Бладшот. Додека Реј првпат вежба со колегите супервојници, не може да се сети на ништо од својот поранешен живот. Но кога му се враќаат спомените и се сеќава на човекот што го убил него и неговата сопруга, тој бега од градбата за да се одмазди, само за да открие дека има повеќе во заговорот отколку што мислел.

Улоги

|Вин Дизел |Реј Герисон / Бладшот |- |Еиса Гонсалес |Кеј-Ти |- |Сем Хјуен |Џими Далтон |- |Тоби Кебел |Мартин Акс |- |Гај Пирс |д-р Емил Хартинг

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2020 година Категорија:Американски суперхеројски филмови Категорија:Филмови на Columbia Pictures Категорија:Филмови на англиски јазик