„Порои“ — стихозбирка на македонскиот поет Венко Марковски од 1945 година.

Содржина Збирката содржи пет поеми и три сонетни венци:Венко Марковски, Порои. Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1945. „Гоце Делчев“ (поема) „Илинден“ (поема) „Пранги“ (сонетен венец) „Чудна е Македонија“ (поема) „Спомени“ (сонетен венец) „Бие дванаесет“ (поема) „На Исток“ (сонетен венец) „Република“ (поема)

За делото Збирката е објавена како издание на Државното книгоиздателство на Македонија. Таа има 186 страници и не е каталогизирана. Творбите се напишани во периодот од 1939 до 1945 година, и тоа: поемата „Гоце Делчев“ е напишана на 6 мај 1939 година, во Софија поемата „Илинден“ е напишана во 1940 година, во Софија сонетниот венец „Пранги“ е напишан во 1939 година, во Софија поемата „Чудна е Македонија“ е напишана на 20 јануари 1940 година, во Софија сонетниот венец „Спомени“ е напишан во 1941 година, во логорот „Гонда Вода“ поемата „Бие дванаесет“ е напишана на 15 април 1941 година, во Софија сонетниот венец „На Исток“ е напишан во 1941 година, во логорот „Ени-Ќој“ поемата „Република“ е напишана на 1 септември 1945 година, во Белград Притоа, сонетните венци „Пранги“ и „Спомени“ се посветени на сопругата на поетот, Фила Маркоска, додека сонетниот венец „На Исток“ е посветен на Јосиф Сталин.

Наводи

Категорија:Дела на Венко Марковски Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Изданија на Државно книгоиздателство на Македонија Категорија:Македонски дела од 1945 година Категорија:Книги од 1945 година Категорија:Појавено во 1945 година во Македонија