Свети Мина () — црква во селото Чудила, Загорско, Епир, денешна Грција. Влегува во состав на Јанинската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата претсатвува парохиски храм, сместен во северниот дел на селото, поточно во Долно Маало. Според ктиторскиот натпис сместен над јужниот влез, црквата била изградена во 1778 година, врз темелите на постар храм.
Градбата претставува трикорабна базилика со припрата, женска црква и полукружна апсида со три слепи ниши. Средниот кораб е највисок, одделен со столбови кои образуваат неколку лакови. Дрвениот иконостас вклучува делови од стар резбан и позлатен иконостас. Забележителни се и царските двери и амвонот. Живописот во внатрешноста е добро зачуван, дело на истакнатиот карпешовски зограф Атанасиос Анагност од 1812 г. Царските икони се дело на Јован Атанасиј (1780).
Во дворот на храмот се наоѓа импресивна шестаголна камбанарија, подигната во 1896 г. од Николаос Сакелариу, трговец во Гаешт, Романија. Часовникот на камбанаријата е донесен од Виена.
Поврзано
Јанинска епархија
Наводи
Категорија:Цркви во Загори Категорија:Цркви во Јанинската епархија Категорија:Појавено во 1778 година