Италијански брејнрот () — серија надреалистички интернет-мемиња што се појавиле на почетокот на 2025 година, карактеризирани со апсурдни фотографии од суштества создадени од вештачка интелигенција со псевдоиталијански имиња. Појавата брзо се проширила и станала популарна на платформите на социјалните мрежи, а особено на TikTok и Instagram, благодарение на комбинацијата од синтетизирани „италијански“ гласовни записи, гротескни, смешни визуелни елементи и бесмислено раскажување.

Опис Животните и суштествата (односно ликовите) поврзани со појавата на италијанскиот „брејнрот“ претставуваат слики создадени со помош на невронски мрежи и прикажани на апсурден, намерно бесмислен начин. Обично станува збор за хибриди од животни, предмети од секојдневието, храна, оружје и фантастични елементи, обединети под намерно „италијанизирани“ имиња.

Овие ликови сврзуваат елементи на надреализам, визуелна непријатност (ефектот на „необична долина“) и интернет-иронија, својствена за постироничниот хумор на поколението Z.

Често овие слики се придружени со синтетички глас во заднина, со италијански нагласок, кој чита апсурдни описи и измислен животопис на ликот. На пример:

Гледачите измислуваат приказни за овие „невроживотни“, организираат виртуелни битки меѓу нив и прават рангирања за да утврдат кој е „најмоќен“.

Наводи

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:TikTok