Ѓорѓи Караџовски (, – , ) – македонски резбар.

Животопис Караџовски бил роден во Охрид 1916 година каде го завршил Резбарското училиште. Во 1937 година се доселил во Битола и го работел иконостасот за гробјанската црква „Св. Петар и Павле“. Тоа бил почеток на натамошните креативни зафати на иконостаси, црковен мобилијар и други предмети работени во резба.

Починал 1989 година во Битола.

Творештво Делата на Караџовски претставуваат величествени споменици на креативниот творечки дух на авторот, доследен на македонската уметничка традиција. Ги изработил иконостасите во црквите: „Св. Петар и Павле“ во Битола – 1937 „Св. Јован Богослов“ во Битола – 1937 „Св. Константин и Елена “ во с. Лавци – 1940 „Св. Димитриј“ во с. Дихово – 1942-43 „Св. Богородица“ во Чајниче – 1958-60 „Св. Наум“ во Битола – 1960 „Св. Сава“ во Њујорк – 1962 „Св. Никола“ во Џонстон, САД – 1964 Црква во Виндзор, Канада – 1967-68 „Св. Архангел Михаил“ с. Буково – 1982-84

Во 1944 година го изработил владичкиот стол и шест други столови за поповите во црквата „Св. Богородица“ во Битола.

Други негови дела се наоѓаат во: Католичката црква во Битола (певница и чесен престол), Црквата „Св. Атанасиј“ во Богданци (чесен престол), Митровица (заветен кип на „Св. Богородица“ од мермер) и Сопоќани (певница и чесен престол).

Наводи

Категорија:Македонски резбари