Нада Илиевска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Таа била монополска работничка. Учествувала во напредното работничко движење пред војната, во Куманово. Од 1941 година, како член на скоевска група, во нејзиниот дом се одржувале состаноци и се собирала народната помош. Во зимата 1942 година била ангажирана во подготвувањето на храна кога во Куманово престојувале борци од Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Во 1943, испраќала помош во логорот Крстополе во кој биле интернирани членови на Месниот Комитет на КПМ - Куманово, како и на Козјачкиот терен на борците на НОВ и ПОМ. Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ