Стево Ќулумов или Стеван Ќулумов (Велес, 1935 — Велес, 30 август 2012) — македонски политичар и градоначалник на Велес меѓу 1974 и 1982 година. Член и делегат на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на собранието на СРМ. Еден од главните иницијатори за формирањето на весникот „Вардарски глас“. Директор на народната велешка банка во 1983 година. Погребан во црквата „Св. Пантелејмон“.
Животопис Роден во повардарскиот град Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. После народноослободителна борба Ќулумов се приклучил во Комунистичката партија на Македонија и Југославија. Со формирањето на нова комунистичка власт Ќулумов учествувал во нејзиното управување. При неговиот престој во Будва добил идеја за издавување на велешки весник. Со негова иницијатива почнало да се издава велешкиот весник „Вардарски глас“
Во мај 1974 година бил член и делегат на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на собранието на Социјалистичка Македонија.Службен весник на Социјалистичка Република Македонија (1974) год. XXX, бр. 22. Истовремено го почнал неговиот мандат како градоначалник на Велес, во 1975 година еден од неговите први инцијатива билo обновата на велешката саат-кула. За време на неговиот мандат било отворено училиштето „Јосип Броз Тито“, денес познато како ОУ „Блаже Конески“. Преку референдум велешките граѓани ја подржиле неговата одлука за градбата на хидросистем и бран во селото Лисиче.
Помогнал во снабдувањето на велешкото население со вода преку канализација. Под неговиот мандат се изградила спортската сала „25-ти мај“ денес позната како „Гемиџии“. Помогнал во развитокот на локалната самоуправа, директор на велешката тополница за олово и цинк „Злетово“.Комеморација - Стеван Ќулумов, поранешен претседател на Општина Велес од Општина Велес После неговиот мандат во 18 ноември 1983 година бил назначен за директор на народната велешка банка, наследувајќи го Панче Пановски.Службен весник на Социјалистичка Република Македонија (1983) год. XXXIX, бр. 36.
Ќулумов починал после независноста на Македонија на 30 август 2012 година на 77 годишна возраст. Во истиот ден Ќулумов бил погребан во црквата „Св. Пантелејмон“. Бил татко на две деца.
Наводи
Категорија:Политичари од Велес Категорија:Градоначалници на Општина Велес Категорија:Родени во 1935 година Категорија:Починати во Велес Категорија:Починати во 2012 година Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски социјалисти Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Македонски економисти