Полноќна миса () — американска натприродна минисерија на ужасите, создадена од Мајк Фланаган за платформата Netflix. Во главните улоги се појавуваат Зак Гилфорд, Кејт Сигел и Хамиш Линклејтер. Премиерата се одржала на 24 септември 2021 г. Серијата добила потврдни одзиви од страна на рецензентите. Заплетот се сосредоточува на побожна и сиромашна островска заедница што доживува натприродни настани по пристигнувањето на таинствен свештеник.
Содржина Еден младич се враќа во своето изолирано родно место на островот Крокет, со надеж дека ќе го изгради животот одново по четири години поминати во затвор, зашто, возејќи пијан, усмртил човек. Тој пристигнува истовремено со таинствен и харизматичен млад свештеник, кој почнува да ја оживува веќе ослабената вера на заедницата. Но разделеноста меѓу жителите брзо се продлабочува поради делата на свештеникот, додека мрачни и необјасниви настани почнуваат да се случуваат во малото гратче.
Улоги
|Зак Гилфорд |Рајли Флин |- |Хамиш Линклејтер |отецот Пол Хил |- |Кејт Сигел |Ерин Грин |- |Кристин Лејман |Ени Флин |- |Саманта Слојан |Бев Кин |- |Игби Ригни |Ворен Флин |- |Рахул Коли |шерифот Хасан |- |Анара Сајмон |Лиза Скарборо |- |Анабет Гиш |д-р Сара Ганинг |- |Алекс Есое |Милдред Ганинг |- |Рахул Абури |Али Хасан |- |Мет Бидел |Стерџ |- |Едвард Труко |Вејд Скарборо |- |Кристал Балинт |Доли Скарборо |- |Луис Оливер |Укер |- |Хенри Томас |Ед Флин |- |Роберт Лонгстрит |Џо Коли |- |Карла Гуџино |судијата |- |Квинтон Бојсклер |ангелот |- |Ебони Бут |Тара-Бет |- |Џон К. Макдоналд |Боул
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Оригинални програми на Netflix