Биг Џејк (март 2001 – јуни 2021) — исклучително висок американски белгиски коњ. Од 2010 година бил впишан во Гинисовата книга на рекорди како „највисок жив коњ“, а исто така и втор највисок коњ во рекордот.

Живот Биг Џејк бил роден во 2001 година во Небраска, со тежина од приближно 100 кг, што е околу 45 кг потежок од она што е типично за неговата раса. Неговите родители биле со нормална големина, а тој не бил необично висок како ждребе. Бил купен на 3 годишна возраст од семејството Гилберт од фармата Смоуки Холоу, во близина на Појнет, Висконсин. Џејк јадел две кофи жито и околу една бала сено секој ден. Неговата штала била речиси двојно поголема од нормалната и бил транспортиран со камион.

Тој станал „највисок жив коњ“ во Гинисовата книга на рекорди кога во 2010 година бил измерен на 210 см височина. Тој исто така станал втор највисок коњ во историјата, по Сампсон кој бил 220 цм.

Тој се натпреварувал на натпревари за влечни коњи и бил претставен на Државниот саем во Висконсин.

Тој починал во јуни 2021 година; неговите сопственици не дале точен датум.

Наводи

Категорија:Биолошки рекорди