Билјана Толевска Наумовска родена во Битола, 1992 — македонска сликарка, ликовен уметник, македонски уметник.
Животопис
Билјана Толевска Наумовска - основно и средно образование завршила во родниот град како и Меѓународен Славјански Универзитет (МСУ). . Досега работела на повеќе работни места кои вклучувале едукација, креативен ангажман, работа со различни целни групи низ кои доаѓа до израз нејзината целосна професионална, стручна и хуманистичка оддаденост за емнаципација и хуманистичка равноправност на вклученоста на поединецот во општествените и социјални уредувања и устројства.
Кариера
Својот творечки и креативен ангажман го изградува мошне рано, создавајќи во континуитет богат и разновиден творечки опус.
Таа е член на меѓународната асоцијација на Mail Art - Мејл-арт.
Член е и на меѓународната асоцијација Ex libris како и на ликовната асоцијација и здружение FireArt - art collective, FireArt - art collective, The Arnolfini Archives' e-mail art project, International Union of Mail-Artists - Biljana.
Реализирала повеќе самостојни изложби во: Битола, Охрид, Ресен. Билјана Толевска Наумовска.,.
Воедно и бројни колективни претсавувања во: Полска, Франција, Андора, Турција, Грција, Италија, Унгарија, Јапонија. Кина - ААмА 2025 - Чешка ...Έκθεση Mail Art, Biljana Tolevska Naumovska, Изложба „Течни денови“ од Билјана Толевска-Наумовска во Охрид, Изложба „Течни денови“ од Билјана Толевска-Наумовска во Охрид
Во 2025 година во издание на Меѓународно графичко триенале Битола е публикувана нејзината обемна монографија: Билјана Толевска Наумовска - цртежи и слики во која се претставени над петстотини нејзини дела поделени во повеќе циклусни поглавја. participare la AAmA International Arta Exhibition 2025, Tagus INTL Center of Arts
Творештво
Нејзиното творештво е изразено во богат и разновиден опус.
Специфично, оригинално и виртуозно, особено во нејзината работа со туш и суптилни акварели. Нејзиниот уметнички пристап е со мотивска ориентација и инспирација нежно, суптилно и сензитивно пренесена. Со јасни потези и специфичен уметнички израз таа ги открива вистинските уметнички традиции што некогаш биле создавани во славење на животот и постоењето, нешто што денес е суштинско за нашиот вистински опстанок.
Низ бројни оригинални и авторски циклуси, таа разработува раскошни мотивско-поетски инспирации со богати композициски, структурни и стилски елементи.
Длабоко емотивни, отаа создавадела во кои се присутни и необична музички структури и линиска ритмика како и богатство на валерски градации низ кои е изразена носталгија и лиризам.
Таа сигурно и длабоко ја надоградува традицијата на македонскиот ликовен пејзаж следејќи ја и надоградуваји ја генезата на современото ликовно толкување на пределот од делата на Борислав Траиковски, Јордан Мансијевски, Вангел Наумовски, изградувајќи сопствен стил во кои има одредени екстракти на националната традиција и лаконското во источното спиритуално творечко изразување.Tolevska Naumovska - Paintings and drawings,
Библиографија
Tolevska Naumovska : drawing and paintings - ISBN - 978-608-67256-2-4 , COBISS.MK-ID - 65977093 издавач Меѓународно графичко триенале Битола, 2025, 320 стр.илустр. ; 29 см, УДК 7.038.532(497.7) Толевска Наумовска, Б, Tolevska Naumovska - Paintings and drawings,Biljana Tolevska Naumovska - drawings and paintings - akademia.edu,Biljana Tolevska Naumovska - drawings and paintings -SCRIBD
Наводи
Категорија:Македонски уметници Категорија:Македонски сликари Категорија:Современи македонски ликовни уметници Категорија:Современи македонски сликари Категорија:Мекедонски жени сликарки