мини|306x306пкс|Евангелие од 1220 г., Германија Ракопис — збирно име за текстови напишани рачно. Како по правило, ракописот е нацрт на книжевно дело или примерок од него, напишан рачно од авторот. По појавата на пишувањето со машина (печатарството), ракописите се однесувале и на текстови печатени на машина за пишување, како и на печатач или со други механички средства.

Ракописна книга — книга во која текстот и илустрациите се воспроизведени рачно, за разлика од печатена книга, која се воспроизведува со печатење. Ракописната книга се состои од самата книга, носителот на текстот и заштитни елементи (омот, повез).

Видови ракописи

Свиток — долга лента од папирус завиткана во ролна. Најчесто се користел во антиката. Кодекс — се состои од листови наредени во ролни, кои пак се зашиени заедно. Се користел широко во средниот век. Палимпсест — ракопис, чиј изворен текст е иструган од пергаментот, а листовите се употребени за пишување нов. Благодарение на бојата што останува во микрорапавостите, може да се прочита и постариот текст. Фолијант — вид средновековна ракописна книга со особено големи размери.

Познати ракописи

„Зографско евангелие“ — еден од ретките средновековни ракописи на старомакедонски јазик (старословенски) зачуван до денес.

„Книга на мртвите“ — староегипетски религиозен папирусен ракопис украсен со цртежи. „Војничев ракопис“ — една од најзагадочните ракописни книги. „Библија на Вулфила“ — готски превод на Библијата од IV век.

Наводи

Надворешни врски

Средновековни ракописи во Македонија

Посен триод, македонска рецензија, од трета четвртина на XIV век

Категорија:Текстологија Категорија:Книговезништво