По повод најновиот напад на нашиот јазик е напишана од страна на Блаже Конески како реакција на негирањето на македонскиот јазик од страна на бугарски извори, конкретно во одговор на статија објавена во бугарскиот весник Работническо дело. Статијата, напишана од Георги Чанков, организационен секретар на Бугарската комунистичка партија, под наслов „Предавниците на социјализмот и на македонското дело“, тврдеше дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Ова тврдење беше дел од пошироките политички напори за оспорување на македонскиот национален идентитет во повоениот период.
Конески во своето дело ги побива овие тези со аргументи дека македонскиот јазик е посебен и дека неговото формирање е резултат на природен лингвистички и историски процес. Тој ги критикува политичките мотиви зад негирањето, нагласувајќи ја важноста на јазикот како темел на македонскиот национален идентитет. Книгата е и одбрана на културната и националната самобитност на Македонците во време на интензивни политички притисоци, особено од бугарска страна, но и во контекст на сложените односи во рамките на југословенската федерација.
Надворешни врски По повод најновиот напад на нашиот јазик
Категорија:Блаже Конески