десно|мини|300x300пкс| Рачко езерце десно|мини|300x300пкс| Во близина на орнитолошката опсерваторија Природниот парк Рачки Рибници - Пожег се наоѓа во западниот дел на долината Драва, речиси директно под Похорје. Ова е поголем комплекс од густа низинска мешана шума, во која се скриени неколку езерца. Областа е заштитена како природен парк од 1992 година поради неговото исклучително природно наследство, претставено со широк спектар на мочуришта со бројни ретки и загрозени животински и растителни видови. Природниот парк е со површина од 484 хектари и затоа е еден од поголемите низински паркови во Словенија. Неговите шуми покриваат 343 хектари, езерцата покриваат 76 хектари, а остатокот се мочурливи ливади.
Вештачко езеро Пожег Вештачко езеро Пожег претставува најголемата водена површина во паркот и го добил името по најблиското село, Пожег, кое се наоѓа на западниот брег. Ова вештачко езеро било изградено во почетокот на 1960-тите години. Неговата основна површина изнесува 35 хектари, а кога е полно достигнува до 74 хектари. Од јужната и источната страна е заштитено со висок насип, додека од останатите страни водата се прелева кон шумските предели.
Замокот Раче мини| Замок Раче Замокот Раче бил изграден во 1530 година. Оригиналниот сопственик, Грегор Регал, го нарекол Краниксфелд, што значи поле со жерави. Оваа птица е прикажана и на неговиот грб.
Надворешни врски
Природен парк Рачки рибници - Пожег
Поврзано
Список на заштитени паркови во Словенија Список на езера во Словенија
Литература
Уредба за прогласување на природни обележја на подрачјето на општина Марибор (Меѓуопштински службен весник, бр. 17/92). Категорија:Општина Раче-Фрам Категорија:Општина Словенска Бистрица Категорија:Природни паркови во Словенија