Обработката на отпад се однесува на активностите потребни за да се обезбеди дека отпадот има најмало можно влијание врз животната средина. Во многу земји, законски се пропишани различни форми на обработка на отпад.

Обработка на цврст отпад

Обработката на цврстиот отпад е клучна компонента на управувањето со отпадот. Различни форми на обработка на цврст отпад се градирани во хиерархијата на отпад.

Обработка на отпадни води мини|Постројка за обработка на отпадни води во Ла Крос

Обработка на земјоделски отпадни води Обработката на земјоделските отпадни води вклучува прочистување и отстранување на течен животински отпад, остатоци од пестициди итн. поврзани со земјоделството.

Обработка на индустриски отпадни води Третманот на индустриските отпадни води претставува обработка на отпадните води од фабрики, рудници, електрани и други комерцијални објекти.

Обработка на отпадни води од човекот Обработката на човечките отпадни води вклучува обработка и отстранување на отпад кој потекнува од човекот. Отпадни води произведуваат сите човечки заедници и најчесто се регулираат преку канализациска инфраструктура. Обработката во урбанизираните области обично се спроведува преку централизирани системи за обработка. Алтернативните системи можат да користат процеси на компостирање или процеси што ги одделуваат цврстите материјали преку таложење, а потоа ги претвораат растворливите загадувачи во биолошка тиња и во гасови како што се јаглеродниот диоксид или метанот.

Обработка на радиоактивен отпад Обработката на радиоактивен отпад вклучува обработка и контролирање на радиоактивен отпад. Радиоактивниот отпад е вид на опасен отпад што содржи радиоактивен материјал. Тој е резултат на многу активности, вклучувајќи јадрена медицина, јадрени истражувања, производство на јадрена енергија, декомисионирање на јадрени електрани, рударство на ретки метали и преработка на јадрено оружје. Обработката обично е проследена со долгорочна стратегија за управување што вклучува складирање, отстранување или трансформација на отпадот во нетоксична форма.Ojovan, M. I. and Lee, W. E. (2014) An Introduction to Nuclear Waste Immobilisation, Elsevier, Amsterdam, Netherlands, . Владите ширум светот разгледуваат низа опции за управување и отстранување на отпад, иако има ограничен напредок кон долгорочни решенија за управување со радиоактивен отпад.Brown, Paul (14 April 2004) 'Shoot it at the sun. Send it to Earth's core. What to do with nuclear waste?' , The Guardian.

Наводи

Категорија:Технологија за преработка на отпад Категорија:Управување со отпад