Отпадот од пакување, делот од отпадот кој се состои од пакување и материјал за пакување, е голем дел од вкупниот глобален отпад, а поголемиот дел од отпадот од пакување се состои од пластична амбалажа за храна за еднократна употреба, што е белег на културата на фрлање. Значајни примери за кои потребата од регулација било рано препознаена се „контејнери со течности за човечка конзумација“, т.е. пластични шишиња и слично. Во Европа, Германците се на врвот на списокот на производители на отпад од пакување со повеќе од 220 килограми амбалажа по глава на жител.
Позадина десно|мини|523x523пкс| Производство на пластика по индустриски сектор во 2015 година. Според Агенцијата за заштита на животната средина на Соединетите Американски Држави (АЗЖС), контејнерите и пакувањата се дефинираат како производи за кои се претпоставува дека ќе бидат отфрлени истата година кога се купуваат производите што ги содржат. Поголемиот дел од цврстиот отпад претставуваат производи за пакување, проценети на околу 77,9 милиони тони генерирано во 2015 година (29,7 проценти од вкупното генерирано). Пакувањето може да биде во сите облици и форми, почнувајќи од кутии од Амазон до лименки со газирани пијалаци, и се употребува за складирање, превоз, содржење и заштита на стоки за да се одржи задоволството на клиентите. Видот на материјали за пакување, вклучувајќи стакло, алуминиум, челик, хартија, картон, пластика, дрво и други разни пакувања. Отпадот од пакување е доминантен фактор во денешниот свет и е одговорен за половина од отпадот во светот.
Стапката на рециклирање во 2015 година за контејнери и амбалажа изнесувала 53%. Понатаму, процесот на согорување на контејнери и амбалажа изнесувал 7,2 милиони тони (21,4 проценти од вкупното согорување со обновување на енергијата). По депониите кои примиле 29,4 милиони тони (21,4 проценти од вкупниот отпад нанесен на депонија) во истата година.
Бидејќи отпадот од пакување ја загадува Земјата, целиот живот на Земјата доживува негативни влијанија кои влијаат на нивниот животен стил. Морските или копнените животни се задушуваат поради загадувањето од отпадот од пакување. Ова е голем проблем за земјите со ниски приходи кои немаат ефикасен систем за управување со отпад за чистење на нивните средини и се главни извори на глобално загадување на океаните. Но, „фрлачите на ѓубре“, поединците кои немаат мотивација да рециклираат и наместо тоа го оставаат својот отпад каде што сакаат, исто така се големи придонесувачи, особено во земјите со високи приходи каде што се достапни вакви капацитети. Моменталната местоположба со најголема количина на цврст отпад, кој вклучува најголем дел од производите за пакување, е Големата тихоокеанска ѓубрена површина, која се наоѓа на западниот брег на Северна Америка, до Јапонија. Поголемиот дел од отпадот од пакување што на крајот завршува во океанот често доаѓа од места како што се езера, потоци и канализација.
Биле предложени можни решенија за намалување на отпадот од пакување к ои семногу едноставни и лесни и би можеле да започнат со минимизирање на материјалот за пакување, сè до стратегија за нулти отпад (производи без пакување). Проблемот е главно во недостатокот на мотивација да се започне со промена. Но, примери за ефикасни начини за намалување на загадувањето од пакувањата вклучуваат забрана за употреба на пластика за еднократна употреба, поголема општествена свест и образователни процеси, промоција на еколошки алтернативи, јавен притисок, доброволно чистење и усвојување на кеси за повеќекратна употреба или биоразградливи кеси.
Прекумерно пакување мини| Прекумерно пакување. Испорака на мал предмет во многу поголема брановидна кутија, за која се потребни воздушни перници за пополнување на празнините. Едноставен полнет поштенски фах би бил доволен. Институтот на професионалци за пакување го дефинира прекумерното пакување како „состојба каде што методите и материјалите што се употребуваат за пакување на предмет ги надминуваат барањата за соодветно задржување, заштита, превоз и продажба“. Прекумерното пакување претставува можност за намалување на изворот, намалување на отпадот преку соодветен дизајн и практика на пакување.
Класичен пример за расипнички дизајн на пакување претставува кутија за житни култури за појадок. Ова е обично преклопна кутија во која е сместена пластична кеса со житни култури. Картонските кутии се обично високи и широки, но многу тенки. Ова има неефикасен сооднос материјал-волумен и истото смета за расипничко. Инженерите за структурно пакување се свесни за можноста за заштеда на трошоци за пакување, материјали и отпад, но маркетерите наоѓаат корист во пакување во стилот на „билборд“ за рекламирање и графика. Оптимизирана кутија за склопување би користела многу помалку картон за ист волумен житни култури, но со намалена површина за графика. Користењето на пластична кеса без кутија за затворање би потрошила помалку материјал по единица житарки.
Slackfill пакувањето е она што е намерно недоволно наполнето, што резултира со нефункционално место. Пакувачите што го прават ова не само што ризикуваат обвиненија за измамничко пакување, туку користат и прекумерно пакување: отпад од пакување.
Со кршливи предмети како што е потрошувачката електроника, инженерите се обидуваат да ја усогласат кршливоста на производот со очекуваните оптоварувања од ракувањето со распространувањето. Амортизацијата на пакетот се употребува за да се обезбеди безбедна испорака на производот. При прекумерно пакување, се употребува прекумерна перница и поголема брановидна кутија: расипничко пакување. Спротивно на тоа, недоволното пакување би значело употреба на недоволно амортизирање. Прекумерниот отпад од производи предизвикан од недоволно пакување може да биде полош за животната средина отколку отпадот од пакувањето.
Понекогаш пакувањето е дизајнирано со цел да го заштити производот за контролирана распространетост до малопродажна продавница. Меѓутоа, со онлајн купување или елекронска трговија, артиклите спакувани за малопродажба може да се испорачуваат поединечно од страна на компании за исполнување на барањата за испорака или превозници на мали пратки. Малопродажните пакети најчесто се пакуваат во поголема брановидна кутија за испорака. Честопати овие секундарни кутии се многу поголеми отколку што е потребно, па затоа се употребува пополнување празнини за да се имобилизира содржината. Брзиот раст на електронската трговија ги зголемил предизвиците со пакувањето, бидејќи производите честопати бараат дополнителни заштитни материјали и преголеми кутии за да се обезбеди безбеден транспорт, што дополнително го влошува отпадот од пакување. Ова може да изгледа како грубо препакување, но понекогаш е потребно. Доколку пакувачот на производот го дизајнирал целото пакување за да ги задоволи барањата за индивидуална испорака, тогаш делот доставен до малопродажна продавница би имал вишок пакување. Понекогаш се потребни две нивоа на пакување за посебна дистрибуција, што резултира со неефикасност во производството.
Видови отпад од пакување алт=|мини|490x490пкс|Создавање на пластичен отпад во 2010 година.
Стаклени садови Шишињата и теглите за пијалаци и складирање храна или сокови претставуваат примери за стаклени садови. Агенцијата за заштита на животната средина (АЗЖС) проценила дека во 2015 година биле создадени 9,1 милиони тони стаклени садови, или 3,5 проценти од општинскиот цврст отпад (MSW). Околу 70 проценти од потрошувачката на стакло се употребува за контејнери и пакување. Најмалку 13,2 проценти од производството на стакло и садови се согорува со обновување на енергијата. Количината на стаклени садови и амбалажа што оди на депонијата е околу 53 проценти. алт=|мини|575x575пкс| Од 1960 до 2015 година, овој графикон го претставува вкупниот број на тони стаклени садови генерирани, рециклирани, компостирани, согорени со обновување на енергија и депонирани.
Алуминиумски контејнери и пакување Алуминиумскиот отпад од садови и пакување обично доаѓа од лименки од секаков вид пијалаци, но фолијата може да биде уште една причина за тоа. Се смета дека околу 25% од алуминиумот се употребува за пакување. Употребувајќи ги податоците на Асоцијацијата за алуминиум, било пресметано дека во 2015 година се генерирани најмалку 1,8 милиони тони алуминиумска амбалажа или 0,8 проценти произведен цврст отпад. Од оние што се произведени, само околу 670.000 тони алуминиумски контејнери и амбалажа се рециклирани, околу 54,9 проценти. И, оние што завршуваат на депонија се 50,6 проценти. алт=|мини|575x575пкс| Од 1960 до 2015 година, овој графикон го претставува вкупниот број на тони алуминиумски контејнери генерирани, рециклирани, компостирани, согорени со обновување на енергија и депонирани
Челични контејнери и пакување Производството на челични контејнери и амбалажа најчесто се одвива во конзерви и други работи како челични буриња. Единствено околу 5% од челикот се употребува за пакување од вкупната светска потрошувачка на челик, што го прави најмалку потрошен и најмногу рециклиран. Вкупно се покажало дека во 2015 година биле создадени 2,2 милиони тони или 0,9 проценти од цврстиот комунален отпад. Додека според Институтот за рециклирање на челик, се проценува дека се рециклирани 1,6 милиони тони (73 проценти) челична амбалажа. Дополнително, челичната амбалажа што била согорена со обновена енергија била околу 5,4 проценти, а 21,6 проценти била депонирана. алт=|мини|575x575пкс| Од 1960 до 2015 година, овој графикон го претставува вкупниот број на тони челични контејнери генерирани, рециклирани, компостирани, согорени со обновување на енергија и депонирани
Хартиени и картонски контејнери и пакувања Најголемиот дел од него, а во рамките на цврстиот комунален отпад во 2015 година, произлегувал од брановидни кутии, со произведени најмалку 31,3 милиони тони (вкупно 11,3 проценти). Сепак, тоа е исто така и најрециклирана кутија со 28,9 милиони тони (92,3%) рециклирани во 2015 година.
Подоцна, тие се согоруваат, што претставува 0,5 милиони тони, а депониите примаат 1,9 милиони тони. Освен брановидни кутии, картони, торби, вреќи, хартија за завиткување и други кутии кои се употребуваа за чевли или козметика се други примери за хартиени и картонски контејнери и пакувања. Вкупната количина на цврст комунален отпад кој се создава за хартиени и картонски контејнери и пакувања изнесувал 39,9 милиони тони или 15,1 процент во 2015 година. Сепак, стапката на рециклирање е околу 78,2 проценти, а 4,3 проценти од малите делови биле согорени со обновување на енергија, а 17,6 проценти на депонија. алт=|мини|575x575пкс| Од 1960 до 2015 година, овој графикон го претставува вкупниот број на тони хартиени и картонски контејнери генерирани, рециклирани, компостирани, согорени со обновување на енергија и депонирани
Дрвена амбалажа Дрвена амбалажа е сè што е направено од дрво што се употребува за пакување (на пр., дрвени гајби, дрвени струготини, штици). Дрвената амбалажа сè уште е многу употребувана во денешниот свет за превоз на стоки. Според податоците на АЗЖС, кои биле позајмени од Политехничкиот институт во Вирџинија и Јужната истражувачка станица на Шумската служба при Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави, во 2015 година биле произведени 9,8 милиони тони (3,7 проценти од вкупниот цврст отпад) дрвена амбалажа. Исто така, во 2015 година, количината која била рециклирана изнесуваше 2,7 милиони тони. Покрај тоа, се проценува дека 14,3 проценти од генерираните дрвени контејнери и отпад од пакување биле согорени со обновување на енергија, додека 58,6 проценти завршиле на депонија. алт=|мини|575x575пкс| Од 1960 до 2015 година, овој графикон го претставува вкупниот број на тони дрвени контејнери генерирани, рециклирани, компостирани, согорени со обновување на енергија и депонирани
Пластични контејнери и пакување