Општина Говрлево, именувана и како Месен народен одбор Говрлево ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1947 година.
Историја 1913-1915 Општина Говрлево за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Барово, Говрлево, Јаболци, Осинчани, Пуста Брезница, Света Петка и Чифлик. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.
1915-1918 Општина Говрлево продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Говрлево продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Барово, Говрлево, Јаболци, Осинчани, Пуста Брезница, Света Петка.
1945-1947 Месниот народен одбор Говрлево бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Барово, Говрлево, Света Петка, Чифлик. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор бил укинат и неговата територија припаднала под Месен народен одбор Долно Соње.
Население Според пописот од 1913 година, Општина Говрлево имала 2,209 жители, односно вкупното население на Барово, Говрлево, Јаболци, Осинчани, Пуста Брезница, Света Петка и Чифлик.
Според пописот од 1921 година, Општина Говрлево имала 2,137 жители. Според верската припадност, 1,414 биле православни, додека 723 биле муслимани. Според јазичната припадност, 1,414 биле Срби/Хрвати, додека 723 биле Албанци.
Според пописот од 1931 година, Општина Говрлево имала 2,501 жител, од кои 1,253 биле мажи, а 1,248 биле жени. Општината се состоела од 331 куќи и 335 домаќинства.
Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931) Список на општини во Македонија по население (1948)
Забелешки
Наводи
Говрлево Говрлево Говрлево Говрлево Категорија:Драчевска Околија