мини|Местоположба на Морето на Дождовите на Месечината Море на Дождовите (од латинскиот Mare Imbrium) — област на Месечината. Всушност, тоа е кратер и е еден од најголемите кратери во Сончевиот Систем со пречник од 1145 километри.

Основни одлики Морето на Дождовите е најголемо на Месечината и е видливо со голо око. Опкружено е со планини од сите страни освен на запад каде што се спојува со друго море. На север се планините Јура и Алпите, на исток се Кавказ и Апенините, а на југ се Карпатите. Овие планини се издигаат до 7 километри над морето.The Moon's Highs and Lows На северозападниот брег на морето се наоѓа „Заливот на Виножитото“ (Sinus Iridum). Го добил своето име поради својот правилен облик. Заливот е всушност само преостанатиот дел од кратерот кој го задржал својот речиси совршен кружен облик. Неговиот пречник е 260 километри,P. H. Schultz & D.A. Crawford, Origin and implications of non-radial Imbrium Sculpture on the Moon, Nature 535, 391–394 (2016) а 50 километри јужно од него во 1970 година. Во 2007 година, се спуштило руското вселенско летало Луна 17 со првиот месечев возило Лунаход 1. мини

Име Името на Морето на Дождовите, како и на Заливот на Виножитото, најверојатно го дал Џовани Ричоли, чиј номенклатурен систем бил прифатен уште во 1651 година. Првото запишано име на морето било „Хекатин Олтар“. Плутарх запишал дека старите Грци му го дале ова име на морето по нивната божица Хеката бидејќи тоа било најголемото и најтаинственото море. Старите Грци верувале дека кога некој ќе умре, неговата душа оди во Морето на Дождовите.

Во 16 век, Вилијам Гилберт направил карта на Месечината, а Морето на Дождовите го нарекол „Голем Источен Регион“ (Regio Magna Orientalis). После него, морето било преименувано во „Австриско Море“ (Mare Austriacum) од Михаел ван Ланген.

Истражувања На 17 ноември 1970 година советското вселенско летало Луна 17 слетало во Морето на Дождовите, носејќи го со себе првото месечевно возило, Луноход 1 . Мисијата Луноход траела неколку месеци. мини|Скулптура за паднатите астронаути Во 1971 година, Аполо 15 слетал во југоисточниот дел на Морето на Дождовите, во близина на Апенинските Планини. Командантот Дејвид Скот и пилотот Џејмс Ирвин на Месечината поминале три дена, вклучувајќи 18 часа надвор од вселенското летало. Тие ја истражувале површината на Месечината и се вратиле на Земјата со 77 килограми камења. Недозволено оставиле скулптура на паднатите астронаути на Месечината како спомен на сите астронаути кои загинале за доброто на науката.

Наводи

Надворешни врски

Mare Imbrium at The Moon Wiki – one of the prominent features of the photo includes Mare Imbrium

Категорија:Месечеви мориња Категорија:Астрономија Категорија:Кратери на Месечината Категорија:Месечина