Кројска Планина или Крујска Планина () — планина во централна Албанија, дел од венецот Скендербег. Највисокиот врв се издига на 1.422 м надморска височина. Наречена е по градот Кроја, сместен во западните падини на планината.
Геолошки состав Планината значително се истакнува од околната област, особено од околната рамница кон Јадранското Море. Главно е составена од доцнокреден и еоценски варовник, додека неговите долни падини се претежно покриени со олигоценски флиш. Морфолошки, планината претставува превиткана линеарна структура со превртенa западна страна пресечена со тектонски раседи.
На северозапад, планината постепено преминува во издолжена карстна падина, протегајќи се кон градовите Лач и Милот, а од југоисточната страна, нагло се спушта над клисурата Зеза, која ја одделува планината од околните масиви. Клисурата е широка околу 4 м, која во во некои делови се стеснува на само 1,5 м. Околните карпи се издигаат помеѓу 700–800 м, со стрмни наклони од 50° до 70°, кои образуваат високи косини.
Растителен свет Кројска Планина е речиси гола, особено во висорамнините. Шумскиот појас е претставен претежно од листопадни дрвја (бука, даб), со иглолисни шуми на западната страна од планината. Доловите се обраснати со густа вегетација поради поволните климатски услови, вклучувајќи заштитена изложеност и топли морски ветрови. Подрастот е составен од средноземни зимзелени грмушки (мирта, врес, црника, мастика).
Поврзано
Список на планини во Албанија
Наводи
Категорија:Планини во Албанија