Сибусисо Вајсман Зума (роден на 23 јуни 1975 година, во Дурбан) — јужноафрикански поранешен фудбалер, напаѓач.

Биографија Зума е роден во Дурбан, Јужноафриканската Република, неговиот прекар за време на фудбалската кариера бил „Zuma the Puma“ (превод на мак. „Зума Пумата“).

Во едно интервју од 2002 година, Зума открил дека неговиот татко никогаш не ја поддржувал многу неговата фудбалска кариера, и никогаш не верувал во него, велејќи му дека никогаш нема да биде доволно добар. Тој, исто така, никогаш не доаѓал на неговите натпревари и секогаш работел наместо тоа. Кога Зума се преселил во Орландо Пајретс во 1998 година, неговиот татко му рекол дека „добрите играчи играат и во репрезентацијата“. Таткото на Зума починал еден ден пред неговиот син да го одигра својот прв натпревар за репрезентацијата на Јужна Африка.

По завршувањето на фудбалската кариера, во 2010 година, тој отворил фондација за помош на мали деца заболени од ХИВ вирусот.

Технички карактеристики Разноврсен фудбалер, кој можел да игра на неколку различни позиции во нападот: неговата примарна позиција била напаѓач, но освен тоа бил користен и како втор напаѓач, како крило, и на двете страни од теренот, дури и како офанзивен играч за врска. Тој бил познат по својата брзина, техника, дриблинг, силен удар и добра завршница пред голот. Поради овие квалитети, обожавал да игра во ситуации еден на еден, каде имал многу успех минувајќи ги противниците и создавајќи опасни ситуации. Освен постигнувањето голови, тој бил корисен и со давање асистенции за соиграчите. Исто така, за време на кариерата често бил пофален од тренерите и медиумите за неговиот силен карактер, работна етика и способност да биде лидер на екипата.

Клупска кариера Зума ја започнал својата кариера во татковината играјќи за екипите од околината на неговиот роден град Мајти Па и Африкан Вондерерс. Откако со вторите го направил своето деби како професионален фудбалер и одиграл три сезони, во 1998 година, тој потпишал за еден од најпознатите јужноафрикански клубови Орландо Пајретс, каде се задржал две години.

На почетокот на новиот милениум, во јануари 2000 година, тој се преселил во Европа потпишувајќи за данскиот клуб Копенхаген. Дебитирал во данското првенство на 11 март 2000, влегувајќи како замена на полувремето во натпреварот на гостувањето кај Олборг кој завршил без голови. Откако оставил добар впечаток во првата полусезона со клубот постигнувајќи 4 гола, во сезоната 2000-2001, тој бил еден од најважните играчи на Копенхаген кој ја освоил титулата во Суперлигата на Данска. Зума одиграл 30 натпревари и постигнал 10 гола во првенството вклучително и еден во Копенхагенското дерби добиено со 3–1 во последното коло од сезоната, кога тој постигна гол со „ножички“, испраќајќи ја топката од волеј во горниот агол надвор од дофатот на голманот на Брондби, Могенс Крог. Голот подоцна бил прогласено за гол на годината во Данска, и бил прогласен за најдобар гол во Суперлигата на Данска за деценијата во декември 2009 година.

Носејќи го дресот на Копенхаген до 2005 година, тој забележал вкупно 188 настапи и 53 гола за клубот и освоил уште две првенствени титули, како и по еден Куп и Суперкуп на Данска. Во јули 2005, Зума потпишал за германската екипа Арминија Билефелд во трансфер вреден 1 милион евра. Дебитирал во Бундеслигата на 6 август, во поразот со 5-2 од , во кој го постигнал и својот прв гол со кој го израмнил резултатот на моментални 2-2. И покрај тоа, што неговата статистика во Германија не била толку добра како во Данска, неговите технички квалитети го направиле омилен кај навивачите. Вкупно во Арминија Билефелд поминал три сезони во кои одиграл 72 натпревари и постигнал 10 гола.

Во 2008 година, Зума ја напуштил Германија и се вратил во својата родна земја потпишувајќи со Мамелоди Сандаунс. По само една година во овој клуб се вратил во Данска каде една сезона настапувал за Норшелан, а потоа пак се вратил во Јужна Африка каде и ја завршил својата кариера играјќи за екипите на Васко да Гама и Суперспорт Јунајтед.

Репрезентативна кариера Зума бил репрезентативец на Јужна Африка во периодот од 1998 до 2008 година, забележувајќи 67 настапи и 13 гола. Настапил на Светското првенство 2002 како и на четири изданија на Африканскиот куп на нации (2002, 2004, 2006 и 2008).

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули ФК Копенхаген Суперлига на Данска : 3 2000–2001, 2002–2003, 2003–2004 Куп на Данска : 1 2003–2004 Суперкуп на Данска : 1 2001

Норшелан Куп на Данска : 1 2009–2010

Наводи

Надворешни врски

Сибусисо Зума на soccerway Сибусисо Зума на transfermarkt Сибусисо Зума на fbref Сибусисо Зума на worldfootball.net

Категорија:Јужноафрикански фудбалери Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Копенхаген Категорија:Фудбалери на ФК Арминија Билефелд Категорија:Фудбалери на ФК Норшелан Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1975 година