мини|Плетиплотка со плодови гоџи Гоџи или гоучји (, gǒuqǐ), исто така познато како гоџи-бобинка или волчја бобинка — плод на два тесно поврзани вида: плетиплотка (Lycium barbarum) и кинеска плетиплотка (Lycium chinense) од семејството зрнци. Овие бобинки доаѓаат од грмушки што се родум од Азија, особено Кина, и се користат во традиционалната кинеска медицина со илјадници години. Вирее од 1 до 3 метри висина, плодот е со црвенкаста боја со должина до 2 см и содржи од 20 до 40 ситни семки. Се јадат свежи или сушени, а најпопуларни се поради своите антиоксидативни својства. Растенијата можат да се одгледуваат и во Македонија.

Опис Гоџито потекнува од листопаден грмушкаст растителен вид што припаѓа на семејството зрнци (истото семејство во кое спаѓаат доматите, компирите и модрите патлиџани). Главните два вида што ги даваат овие бобинки се плетиплотката и кинеската плетиплотка. Овие растенија потекнуваат од Кина, но се одгледуваат и во други делови на Азија, како Тибет и Монголија.

Грмушките на гоџито виреат во висина од 1 до 3 метри, со тенки, закривени гранки и тесни зелени листови. Самите бобинки се мали и овални, долги околу 1 до 2 сантиметри. Кога се зрели, имаат светлоцрвена или портокалово-црвена боја, со тенка кора што понекогаш знае да биде леплива поради природните шеќери.

Внатре содржат мали жолти семки, а нивниот вкус се опишува како мешавина од брусница и домат — слаткасто-кисел. Најчесто се собираат рачно и се продаваат во сушен облик, но можат да се најдат и свежи, во сок или во прав.

Растението обично почнува да цвета кон крајот на пролетта, од мај па сѐ до септември. Плодовите се собираат од јули до октомври, зависно од климата и условите за одгледување. мини|Гоџи

Употреба Она што е значајно за одгледувањето на ова растение е фактот што е отпорно на болести и штетници, но го напаѓаат габични заболувања на листовите и плодовите. Превентивно се заштитува слично како виновата лоза, со бакарни препарати и со црвено масло пред почетокот на растителноста. Одредени штети можат да предизвикаат зајаците и птиците и се препорачува употреба на мрежи за заштита од нив.

Од гоџи се прават сокови, сирупи, чаеви, ликери, овошни јогурти, а во кулинарството е многу често употребуван додаток, особено на салатите. Многу познат е чајот од гоџи. Гоџи-бобинките се користат и во козметиката бидејќи го забавуваат стареењето на кожата.

Гоџи-бобинките се природен извор на минерали и витамини. Содржат витамини (витамин Б2, витамин Б1, витамин Ц) како и минерали (железо, цинк, селен, калциум, калиум). Изобилуваат со растителни влакна (100 г. Гоџи-бобинките содржат 7 г растителни влакна) што даваат чувство на ситост и го подобруваат варењето на храната.

Наводи

Надворешни врски

Органски суви гоџи-бобинки

Категорија:Бобинки Категорија:Додатоци во исхраната Категорија:Билки Категорија:Лиснат зеленчук __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__