десно|мини|330x330пкс| Рингли на стар електричен шпорет Рингла — дел од шпорет. Тоа е мал диск кој со електрична енергија се загрева на високи температури или мал затворен извор на пламен, кој се создава со согорување на гас (пропан или бутан). На нив храната се загрева со посредство на сад - тенџере, лонец или тава - кој, наместо храната што се подготвува, е директно изложен на топлина или пламен и постепено ја пренесува на храната.

Вклучувањето, исклучувањето и дотерувањето на температурата на ринглата се врши со помош на посебни прекинувачи (преклопници).

Потекло на зборот Зборот потекнува од германскиот збор ringel (круг). Поверојатно од зборот во множина, кругови, како кај „печките“ на дрва (цврсто гориво) кои имаат повеќе концентрични кругови на една точка на греење.

Постарите шпорети имале горна грејна плоча (наместо рингла), која понекогаш се нарекувала „плотна“.

Современиот електричен шпорет нема рингли за готвење, туку има посебна грејна плоча, таканаречена „индукциска плоча“, која користи магнетна индукција за директно загревање на тенџерето или лонецот, така што нема губење на топлинска енергија.

Поврзано Шпорет Рерна Решо

Наводи

Категорија:Апарати за домаќинството Категорија:Германизми