мини|259x259пкс|Портри, најголемото населено место на Скај. Скај (, ) — остров расположен северозападно од Шкотска. Тој е најголемиот од архипелагот Внатрешни Хебриди. Административно е доделен на областа Хајленд. Основа на економијата на островот се туризмот, земјоделството и риболовот. Најголемото населено место, Портри, е познато по своето живописно пристаниште.
Скај е поврзан со Шкотска и околните острови со траекти и патен мост. Климата тука е влажна, поморска, со чести врнежи во секое годишно време. Флората и фауната на островот се доста богати, а големи територии се покриени со тресетишта од врес. Скај служел како место на дејство во разни книги и филмови, а исто така се споменува во многу народни песни.
Етимологија Островот за првпат се споменува во староримски документи, како што е Равенската космографија, каде што е наречен Scitis. На картата на Птоломеј, тој се нарекува Scetis.Strang, Alistair (1997) «Explaining Ptolemy’s Roman Britain». Britannia. 28 pp. 1-30 Можно е овие имиња да потекнуваат од келтскиот збор skitis, што значи „крилест“ — поради обликот на островот, кој претставува планински центар со полуострови што се шират од него. Сепак, точната етимологија на името не е утврдена.
Во скандинавските саги, островот е наречен Skíð: на пример, во „Сагата за Хокон Хоконсон“ и во скалдската песна од 1230 г. од „Земјин круг“.. Norwegian translation: P. A. Munch. Викинзите, исто така, го нарекувале островот Skuy („магловит остров“), Skýey и Skuyö („облачен остров“). Традиционалното шкотско гелско име на островот е An t-Eilean Sgitheanach („остров Скај“). Денес се користи и подоцнежниот правопис — An t-Eilean Sgiathanach.
Гелското поетско име на островот — Eilean a' Cheò, односно „магловит остров“ — е прав превод на едно од скандинавските имиња.
Наводи
Надворешни врски
Skye - Wikivoyage An historical perspective of Skye from the Ordnance Gazetteer of Scotland: A Survey of Scottish Topography, Statistical, Biographical and Historical, edited by Francis H. Groome. Originally published between 1882 and 1885 and provided on-line by the Gazetteer for Scotland. Skye photos Skye Flora Skye Birding Guide
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Внатрешни Хебриди Категорија:Географија на Шкотска Категорија:Острови во Обединетото Кралство