Српа (, Сурпа; понекогаш: Σύρπη, Сирпи или Σύρπα, СирпаΣούρπα ή Σύρπα: πόθεν η ονομασία και ταύτης, Περιοδικό Σερραϊκά Χρονικά, 1957, σελ. 191-193 / ) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција. Денес претставува населба на гратчето Нигрита.
Географија Населбата е сместена во Серско Поле, во северозападниот дел на Нигрита, на надморска височина од 70 м.
Историја Во XIX век Српа било грчко село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Серта (Serta) имало 104 домаќинства и 300 жители Грци. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Српа:Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Сарпа имало 750 жители Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сирпа имало 1.450 Грци. Во селото работело грчко училиште со 3 учители и 130 ученици.
Културни и природни знаменитости
Цркви
Св. Атанасиј од 1906 г.
Наводи
Категорија:Историски села во Визалтија Категорија:Нигрита